Почетна Вести Верските лидери за Велигден и Рамазан Барјам ќе треба да обезбедат редари
Верските лидери за Велигден и Рамазан Барјам ќе треба да обезбедат редари

Верските лидери за Велигден и Рамазан Барјам ќе треба да обезбедат редари

123
0

Министерот за здравство Венко Филипче кажа дека верските лидери по повод празниците Велигден и Рамазан Бајрам ќе треба да обезбедат редари задолжени за организизирање на чествувањето кое треба да се оджува надвор, пред црквите и џамиите. Тоа било договорено на последната средба од која, како што потсети, произлезе и обврската да апелираат до граѓаните максимално да ги почитуваат превентивните мерки за заштита од болеста.

Ситуацијата со болеста будно се следи, повтори министерот, и не се очекува зголемување на бројките.

-Кривата е веќе парабола и ја имитира онаа од ноември-декември, паѓаат бројките на новодијагностицирани, тоа се чувствува и во болниците каде приситокот се намалува и нема многу приеми и префрлања од една во друга здравствена институција како што беше случај во почетокот на април. На состанокот со верските лидери, тие земаа обврска да обезбедат редарска служба за спроведување на протоколите и секој настан да го организираат надвор, пред црквите и џамиите. Епидемиолошката ситуацијата тоа во моментот го дозволува, истакна Филипче.

Според него, не е проблем излегувањето на граѓаните надвор особено сега кога времето е веќе топло и тоа го дозволува, но мерките мора да се почитуваат.

-Граѓаните мора да знаат дека имаат индивидуална одговорност и дека мора да ги почитуваат мерките, истакна Филипче.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *