Македонците во Австралија го одбележаа споменит на Свети Гаврил , именденот на игуменот Отец Гаврил

Date:

Share post:

Македонската православна заедница во Мелбурн и државата Викторија молитвено и свечено го прослави споменот на преподобниот Гаврил, епископ Велички, како и именденот на игуменот на манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинглејк, отецот Гаврил (Галев).

По тој повод, на 11 јануари 2026 година, во предвечерието на празникот, во храмот на МПЦО „Свети великомаченик Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг беше отслужена Вечерна богослужба. Богослужбата ја предводеше отец Гаврил (Галев), во сослужение со о. Дејан Милошевиќ од Српската православна црква и старешината на храмот, јереј Климент Станковски.

На богослужбата присуствуваше мноштво верен народ, кој имаше можност да се поклони на светите мошти на светителот Гаврил Светогорец, епископ Велички, светител од нашето време, и да се укрепи духовно преку заедничката молитва.

Прославата продолжи и следниот ден со света Божествена Литургија, со што уште еднаш се потврди живата вера, духовното единство и почитта на македонскиот православен народ во дијаспората кон својот светител и духовен пастир. На литургијата сослужуваа свештеници од Руската задгранична црква во Австралија.

На крајот од богослужбите, покрај личните честитки од присутните верници, полнoтата на Австралиско-сиднејската епархија на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, односно свештенството и верниот народ, му упатија и официјална епархиска честитка на игуменот отец Гаврил (Галев), посакувајќи му крепко здравје, благословен и плоден подвиг во новото Лето Господово и многу мигови исполнети со духовна радост.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img