Митрополитот Георгиј прв пат ќе ги освети водите на охридското езеро

Date:

Share post:

На 19 јануари оваа година, за прв пат водите на охридското езеро за Водици ќе ги освети митропоилитот Дебарско-кичевски Георгиј. Традицијата за спуштање на светиот крст во езерото ќе ја продолжи новиот митрополит, откако лани таму беше архиепископот Стефан.

Во координација на локалната власт, веќе се направени сите подготовки, а на стостанокот учестваше и митрополитот Георгиј.

За годинава се највува една од најмасовните прослави на Богојавление во Охрид.

Според распоред на 19-ти јануари(понеделник), Богослужби ќе има во сите парохиски цркви во Охрид. Архиерејската Литургија е во црквата во Каменско, со почеток од 7:00 часот утрена богослужба, а во 8:15 часот Литургија. Литијата кон градското пристаниште ќе биде во 9:45.

Во 10:00 часот е големиот Богојавленски водосвет и спуштањето на Светиот крст во водите на Охридското Езеро

Паралелно ќе има и крводарителска акција во Дом на култура Григор Прличев од 09 до 15:00ч.

Во 12:00 часот предвидено групно крштевање во месноста Сараиште.

На 20-ти јануари (вторник) на Денот на рибарите, од 09:00 часот Архиерејска Литургија во храмот Св.Јован Богослов – Канео. 12:00 часот Сараиште, охридски музички еснав.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img