Македонците од Албанија на средба со митрополитот од Корча

Date:

Share post:

Претставници на Македонците во Албанија за Велигден имале средба со митрополитот на Корча Анастасиј. Васил Штерјовски, објави фотографии од средбата честитајќи го големиот празник.

-По повод најголемиот христијански празник – Христовото Воскресение, Велигден, имав чест да присуствувам на прием во седиштето на Митрополијата во Корча, организиран од корчанскиот митрополит Анастас. Во духот на овој светол празник, упативме искрени честитки за Велигден, празник кој носи порака на надеж, љубов и нов почеток. Велигден нè потсетува дека по секоја тешкотија доаѓа светлина, а верата и заедништвото се нашата најголема сила. На сите верници кои го слават, им посакувам многу здравје, среќа, радост и духовен мир. Нека празникот ги исполни вашите домови со топлина, љубов и благосостојба, Христос Воскресе, напиша Штерјовски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here