Почетна Верски буквар Корисни поуки од светиите
Корисни поуки од светиите

Корисни поуки од светиите

2.36K
0

Избор на корисни и поучни мисли и пораки запишани низ историјата од светите Отци.

Својот дом направи го црква, зашто ќе одговараш за душата на децата и на сите оние кои живеат во него.– св. Јован Златоуст

Никогаш немој да правиш нешто нечесно- па макар тоа им се допаѓало на многумина; и немој да пропушташ да направиш добро дело, макар тоа да е омразено од блудниците.– Св. Григориј Богослов

Храна за огнот се дрвата; а храна за раздразнетоста е високоумието (високо мислење за себеси). Биди долготрпелив… Долготрпеливоста е прекрасен дар; таа ги изгонува раздразнетоста, гневот и презирот, ја доведува душата кон смиреноумие… Не можеш да поднесеш навреди? Ќути и ќе се смириш.– Св. Ефрем Сирин

sveti otviОна што е корисно за нас ќе го најдеме тогаш кога ќе го бараме она кое е корисно за ближните.– Св. Јован Златоуст

Не е за осуда да се биде сиромав, туку да се нема храброст во поднесување на сиромаштијата.– Св. Василиј Велики

Не е богат оној кој има имот и го чува, туку оној кој го дели. Жртвата, а не поседувањето, е она што не’ усреќува.- Св. Климент Александриски

Не е сиромав оној кој нема ништо, туку оној кој посакува многу; не е богат оној кој има многу, туку оној кому не му треба ништо.-св. Јован Златоуст

Оној кој ја чувствува тежината на своите гревови, тој не обрнува внимание на гревовите на ближните.– Ава Мојсеј

Завладеј над својот стомак, додека тој не завладеал со тебе.– Преподобен Јован Лествичник

sveti otciНе наоѓаат време за молитва само оние кои не сакаат да се молат.– Св. Инокентиј Московски

Молитвата која се врши без внимание и со мрзеливост е редење празни зборови и е бесмислена.– Преподобен Антониј Велики

Коренот на сите гревови е самољубието.– Св. Теофан Затворник

Човечки е да се падне, сатански е да се остане во грев.– Св. Симеон Нов Богослов

Најлош вид користољубие е да не им се даде на бедните онаа храна која секако ќе се расипе.– Св. Василиј Велики

/ХРИСТИЈАНСКИПОРТАЛ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *