Почетна Вести Бројот на загинати расте по масакрот во Ница, 84 мртви
Бројот на загинати расте по масакрот во Ница, 84 мртви

Бројот на загинати расте по масакрот во Ница, 84 мртви

283
0

Најмалку 84 лица загинаа, а околу 50 други се ранети доцна синоќа во францускиот град Ница, кога камион удри во толпата луѓе кои го следеа огнометот во чест на националниот празник на Франција 14 јули, јави дописникот на МИА од Париз.

nica 6Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев соопшти дека меѓу загинатите има и деца, како и дека 18 од повредени во критична состојба.

Според сведоштва на очевидци, камион со полна брзина удрил во толпата нешто по 23 часот и 20 минути, предизвикувајќи паника меѓу присутните.

Обвинителството од Ница соопшти дека откако камионот влегол меѓу толпата луѓе на крајбрежното шеталиште Променад дез Англе, низ неа возел околу два километри и при што возачот пукал од пиштол, се додека возачот не бил неутрализиран од полицијата. На самиот брег во тој момент биле собрани околу 100 000 лица, кои го проследиле огнометот.

Градоначалникот на Ница, Кристијан Естрози побара од граѓаните на Ница да останат дома и да бидат далеку од прозорците. Бројните сили на редот го блокираа дел на градот во кој се случи инцидентот, а спасувачките екипи на лице место им пружија прва помош на повредените.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Пјер-Анри Бранде потврди дека немало заложници при инцидентот и дека полицијата го убила возачот на камионот.

Полицијата во камионот пронашла докуенти на име на лице на 31-годишна возраст со француско и туниско државјанство, кој досега и бил познат на полицијата само за помали кривични дела.

 Според полициски извори, ова лице не се наоѓало на листата на француските разузнувачки служби како осомичен радикален ектремист и потенцијален извршител на терористички акти.

Во камионот е пронајдено и лажно оружје и неактивирана бомба.

Според Бернар Казнев, „идентификацијата на криминалецот е во тек и истрагата треба да утврди дали тој имал соучесници“.

Каминот со кој бил извршен нападот бил изнајмен.

Bodies are seen on the ground after at least 30 people were killed in the southern French town of Nice when a truck ran into a crowd celebrating the Bastille Day national holidayПретседателот на Франција, Франсоа Оланд во директното обраќање до француската нација нешто пред 4 часот утрово го оцени нападот во Ница како терористичи, најавувајќи продолжување на уште на три месеци на вонредна состојба.

Оланд за нападот со Ница, про кој загинаа најмалку 80 лица кога камион влета во толпа луѓе, рече дека „неговиот терористички карактер не може да се негира“.

– Франција е огорчена од оваа нова трагедија. Таа е шокирана од оваа монструозност што се случи, изјави Оланд по кризната средба со премиерот Мануел Валс.

Оланд посочи дека датумот на нападот, 14 јули, претставува „симбол на слободата“ и во услови кога човековите права и слободи се негирани од страна на фанатиците, Франција нужно станува нивна цел.

– Ние мора да сториме се за да се бориме против злото на тероризмот … Цела Франција е под закана од исламскиот тероризам. Значи ние треба да покажеме апсолутното внимание и непоколеблива решителност, рече претседателот најавувајќи повеќе мерки.

– Решив да го повикам резервниот состав, односно сите оние кои служеле во армијата или беа во единиците на жанадаремријата, за да му олесниме на персоналот на полицијата и жандармеријата. Ние ќе можеме да ги распоредиме на сите места каде што имаме потреба од нив, а особено на граничната контрола, објави Оланд, кој сака да „го подобри нивото на заштита“ на Французите.

nica olandОланд потврди дека негова желба е да се „задржи на високо ниво операцијата Сантинел, која може да мобилизира 10.000 војници покрај жандармеријата и полицајата“.

– Покрај тоа, вонредната состојба која требаше да заврши на 26 јули ќе биде продолжена за три месеци. Нацрт-законот ќе биде доставен до Парламентот до следната недела, рече Оланд.

Франција е силна и секогаш ќе биде посилна од фанатиците, кои сакаат да не погодат денес, додаде тој.

– Пред ништо нема да попуштиме во нашата волја за борба против тероризмот, нагласи шефот на француската држава, кој најави и засилување на француските напади против Исламската држава во Ирак и Сирија. – Ние ќе продолжиме со напади врз оние кои не напаѓаат во нашата сопствена земја, рече тој.

За утрово во 9 часот во Елисејската палата е закажан состанок на Советот за одбрана на кој ќе се разговара за сите мерки кои беа најавени, како и за оние кои веќе се преземени во последниве месеци.

Оланд, кој денеска ќе ја посети Ница, изјави дека Франција, дури и ако тагува е силна и секогаш ќе биде посилна од фанатиците.

nica 1Француските власти досега во неколку наврати предупредија на можни терористички закани за земјата и стравуваа од можен напад, поради што во сите градови беа засилени безбедносните мерки за 14-јулското празнување на Падот на Бастиља.

Идентитетот на напаѓачот не е познат, а засега и никој не презеде одговорост за нападот.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *