Почетна Вести Регион Кипарската црква доби нов Архиепископ
Кипарската црква доби нов Архиепископ

Кипарската црква доби нов Архиепископ

386
1

Досегашниот Митрополит на Пафос г. Георгиј, на 24 декември беше избран за Архиепископ на Кипар од страна на Свештениот Синод.

Процесот на гласање се реализира по завршувањето на Божествената Литургија во параклисот на Светиот Апостол Варнава, во Свештената Архиепископија.

Новиот Архиепископ беше втор од гласовите на народот, во одредувањето на Тројката кандидати, но ги собра повеќето гласови од 16-члениот Свештен Синод. Согласно сигурни информации, Пафскиот Георгиј доби 11 гласа, Лемесоскиот 4 и едно празно ливче.

По завршувањето на гласањето и обзнанувањето на Архиепископот, биат радосно камбаните на стариот соборен храм на Свети Апостол и Евангелист Јован Богослов, додека, пак, за кратко беше прочитан и канонскиот акт за потврда на резултатите од Архиепископските избори. Канонскиот акт се потпишува на Светата Трпеза на катедралниот храм на Свети Јован од сите членови на Свештениот Синод.

Новиот Архиепископ на Кипар ќе го одреди и датумот на своето востоличување, коешто заради празниците се поместува по празникот Богојавление. Востоличувањето ќе се одреди по координација со останатите православни цркви.

Црквата на Кипар е прва од 15 автокефални цркви, кои ја сочинуваат Православната Црква. Таа е единствената древна автокефална Црква од 432 година и прва во редот после старите Патријаршии. Нејзин основач и заштитник е Апостолот Варнава. Архиепископот на Кипар има императорски привилегии, коишто византискиот император Зинон ги доделил во 478 година на Архиепископот на Кипар. Тие три императорски привилегии ги има до денес:

  1. Да потпишува со црвено мастило
    2. Да носи порфирна мандија
    3. Да носи императорскиот скиптар наместо пастирски жезол.

Тоа се случило затоа што тогаш Архиепископот на Кипар, Антемиос, му поклонил на византискиот император копија од Евангелието по Матеј што било најдено врз градите на моштите на Апостолот Варнава на Кипар.

Новиот Архиепископ е роден во Атиену во 1949 година. Потполно е во согласност со одлуките на Црквата на Кипар и на Вселенската Патријаршија во врска со темата за признавањето на Црквата на Украина.

Има студирано Хемија на Атинскиот универзитет како и Теологија, а работел и како професор по хемија во гимназиите на Кипар, каде што стасал до степен на заменик-директор.

По повод неговото апсење и малтретирање од страна на турските војски за време на организираниот антиокупациски настан во 1989 година, поднесе тужба против Турција кај Комисијата за Човекови Права во Советот на Европа.

Тоа беше прв пат Советот на Европа да ја осуди Турција за погазување на човековите права на Кипар и ѝ наложи парична казна.

Коментар(1)

  1. Многу брзо инфо … и за да се пренеси некоја веќе позната информација ви треба барем 48 часа … иначе веќе цел ден е објавено дека интронизацијата ќе биде на 8 Јануари 2023 …

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *