Почетна Интервју Бискупот скопски за Сител: МПЦ-ОА ја има својата канонска структура и имаше право да биде призната

Бискупот скопски за Сител: МПЦ-ОА ја има својата канонска структура и имаше право да биде призната

198
0

Бискупот скопски Киро Стојанов во интервју за Сител открива како тој лично, но и Католичката црква ја примиле веста за враќање на МПЦ-ОА во канонско единство.

– Веста ја примивме со една голема радост. Мислам дека и македонската јавност добро знае дека Католичката црква од самото прогласување на автокефалноста на МПЦ во 1967 година се однесуваше со една голема почит и секогаш делегациите за празникот во чест на Св. Кирил и Методиј во Рим беа примени и кај светиот отец Папа, но и на гробот на Св. Кирил. Оваа убава радосна вест беше примена и кај нас во Католичката црква во Македонија, но и во самиот престол Ватикан. Зошто, јас секогаш велам единството на сите нам ни е многу важно. МПЦ-ОА ја има сета своја канонска структура, еден жив организам. Ако веќе се повикуваме на каноните секогаш постои во една држава во свои граници и имаше право да биде признаена, вели бискупот скопски за Сител.

Поглаварот на Католичката црква во Македонија открива интересни детали за повикот кој го добил од претставници на МПЦ-ОА ден пред објавувањето на радосната вест.

– Веста кога беше признаена, добив повик навечер пред самиот празник Св. Кирил и беше прашање дали е можно моштите на Св. Кирил да бидат во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ затоа што утре очекуваме еден голем ден. Повеќе не прашав ништо, беше само прашањето бидејќи моштите кои единствено ги имаме на Св. Кирил во Македонија беа во Охрид доцна во ноќта од Охрид беа донесени во Скопје, а другиот ден, на самиот празник лично ги однесов во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ заедно со моите придружници и сосема нормално ако од самото прогласување за автокефалноста на МПЦ-ОА наша делегација одеше да се поклони на гробот на Св. Кирил во Рим колку повеќе тогаш моштите требаше да бидат и во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“. Практично Св. Климент е негов ученик и ете веста ја примивме со една голема радост и многу ми значи како такво евхаристичното или литургиското единство кое сега го има МПЦ-ОА со останатите православни цркви тоа има едно големо значење и за нас како Католичка црква и сметам дека односите со сите верски заедници но и со МПЦ што би рекол неговото Блаженство „не добри, туку се одлични“, дај Боже засекогаш така да останат и секогаш Св. Климент и Св. Кирил да не следат, а самиот Исус да ни носи мир, разбирање и заедништво, вели бискупот скопски

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *