Почетна Анализа Ја црта ли Бугарската црква новата јамка за Охридската Архиепископија?
Ја црта ли Бугарската црква новата јамка за Охридската Архиепископија?

Ја црта ли Бугарската црква новата јамка за Охридската Архиепископија?

989
0

Бугарската православна црква и во пракса почна да ја применува одлуката со која Архиепископот г.г Стефан го именува како Архиепископ Северномакедонски.

На вчерашната Божикна литургија во софискиот катедрален храм Св. Александар Невски, Патријархот на БПЦ, Неофит за прв пат го спомна Архиепископот Стефан за време на Големиот вход, употребувајќи ја формулацијата „Северномакедонски“, наместо „Охридски и Македонски“, како што е запишано во Томосот на СПЦ, што БПЦ одлучи да го признае.

Бугарските владици на 13 декември донесоа одлука, под влијание на Руската православна црква, да ја признаат автокефалноста на МПЦ-ОА преку Томосот на СПЦ. Сепак, Бугарската црква одлучи да на је нарекува МПЦ-ОА под името што е запишано во Томосот, туку да ја преименува во „Православна црква во Северна Република Македонија“, а Архиепископот во својот Диптих да го запише како „Архиепископ Северномакедонски“(„Блаженейшаго Стефана – Архиепископа Северно-Македонскаго”.

Сепак, она што е најзагрижувачко во одлуката на Синодот на БПЦ, е што таа заговара дека за автоекфалноста на МПЦ-ОА и за нејзиното конечно име треба да одлучува Сеправославен вселенски собор. Одржување на таков Собор и носење на одлука за МПЦ-ОА, ќе значи историски пораз за македонското црковно прашање. Носењето на косензуална одлука на сеправославен собор за тоа кое име ќе го има МПЦ-ОА, во пракска би значело трајно губење на името Охридска Архиепископија, бидејќи бугарската црква на такво име нема да се сложи. Името Македонска црква, пак е невозможно поради канонските прописи, но и поради блокот грчки цркви. Што значи дека од еден сеправиославен вселенски собор, МПЦ-ОА би излегла како Православна црква во Северна Македонија, со архиепископ Северномакедонски.

(Видео од литургијата на БПЦ, во делот на Големиот вход, погледнете)

Иако за многумина е симптоматична улогата на Руската црква во оваа одлука на Црковна Софија, сепак таа е сосема јасна за оние кои ги знаат интересите на црквите во православниот свет. Наивно е да се верува дека Руската црква, под чие директно влијание беше донесена одлуката на БПЦ за прифаќање на Томсоот на СПЦ за МПЦ-ОА, (за потсетување пред таа одлука во Скопје Рускиот владика од Предворјето на РПЦ во Софија, задно со рускиот амбасадор во Скопје, имаа средба во МПЦ-ОА, а недела дена подоцна, шефот на руската црквона дипломатија беше во посета на Софија два дена пред одлуката на БПЦ) не можела да влијае кај БПЦ за да биде прифатено и името на Црквата и титулата на Архиепископот, како што е тоа заведено во Томсоот. Ако подлабоко се навлезе во суштината многу лесно се чита дека таквиот став на БПЦ е во основа интересот на Руската и на Српската православна црква, а секако и својот потаен интерес. Бугарската православна црква, која за потсетување досега немала никаков проблем МПЦ-ОА да ја нарекува МПЦ и архиепископот Македонски, сега практично ја игра улогата на инструмент на Црковна Москва, обидејќи се на тој начин да го постигне и она што во основа никогаш и не се обидувала да го добие.

Практично, БПЦ заговара Севселенски собор за МПЦ-ОА, користејќи ја формулацијата од Томосот што СПЦ го издава, во кој таа остава простор за ново име на МПЦ-ОА, или да биде појасно издава Томос, за кој остава можност да биде оспоруван. Иако во тој Томос е наведено дека конечното име МПЦ-ОА ќе го дефинира со блокот грко-јазични цркви, БПЦ оди чекор понатаму наметнувајќи го својот интерс во тој процес. Руската црква за која многумина овде веруваат дека со две раце ја прегрнува МПЦ-ОА, нејзината автокефалност, и дека има толку голема љубов кон македонштината и кон македонските црковни и национални интерсеи, всушност е мотивот на Томос кој ќе има оспорувачки елементи. Во нејзината црковна дипломатија интересот на МПЦ и Македонија, воопшто не е важен, да беше важен години наназад ќе ја признаеше МПЦ-ОА, сама или, ќе ја убедеше СПЦ тоа да го направи. За потсетување на Руската црква и беше нудено да биде медијатор меѓу МПЦ-ОА и СПЦ, медијаторство од кое произлезе само двојно именување на МПЦ-ОА, и предлог на маса „Самостојна црква“ со широки овластувања на автономија. Она што Руската црква и го даде на Задграничката руска црква.

За да биде појасно. Сегашната тврда, наводно промакедонистичка позиција на Руската црква кон македонското црквоно прашање има само една цел и еден интерес. Тоа е МПЦ-ОА да биде внесена во кругот на оспорувани автокефалности. Таму освен МПЦ-ОА е уште и автокефалноста на Украина. Православната црква на Украина, за чија автокефалност легитимно и легално Томос издаде Вселенската патријаршија, но руската црква  низ нејзината дипломатија се обиде таа автокефалност да ја оспори. Отако не успеа во тој процес, реши да ја смени стратегијата и да создаде уште една спорна автокефалност заговарајќи непсотиечки момент автокефалност да издава мајката црква, од која се одделува една црква во случајот СПЦ. Српската црква, чии владици во изминативе 30 години имаат дадено најмалку стотина изјави, во кои тврдеа дека СПЦ не може да издава Томос за автокефалност и да признава автокефалност, сега го прават спротивното. Веројатно и под притисок на геополитичките околности, но и поради конечно осознавање на црковната реалност во Македонија, а особено по одлуката на Вселенската Патријаршија да отвори процес на апелација за МПЦ-ОА, знаејќи дека тоа ќе води кон автокефалност, одлучуваат да признаат посебност на црквата во Македонија. Но, тоа го прават на таков начи во кој оставаат простор за нејзино оспорување. На МПЦ-ОА и на овдешната црквона јавност и нудат јадица за Сардина, а и ветуваат дека ќе уловат Сабјарка од 100 килограми. Парадоксот да биде поголем е што како место за рибарање одредиле олиписки базен од каде сосема сигуирно е дека ќе си заминете со празна јадица.

За да нема заблуди. Се повеќе состојби од реалното практикување на „српската автокефалност за МПЦ-ОА“, покажуваат дека во обидот за заробеништо на МПЦ-ОА својот интерес го имаат Руската, Српската и сега Бугарската црква. Заговарањето теза за сеправославен собор е теза за трампање автокефалност со автокефалност, украинска за македонска. Тоа е патот по кој и многумина „душегрижници“ во Македонија ја туркаат црквата, залажувајќи ја јавноста дека прашањето е решено  и дека нема што да се бара Томос од Вселенската патријаршија. Или како што лаички ќе рече еден владика „Сакал, не сакал, Вартоломеј ќе даде Томос“.

Реалноста всушност е дека Вартоломеј може да чека уште одредено време, но нема да чека вечно. Тоа е сигурно. Тој практично чека МПЦ-ОА и Вселенската Патријаршија да продолжат таму каде што застанаа по 9 мај. На тој пат МПЦ-ОА добива илјадолетна црковна историја како канонска наследничка на Охридската Архиепископија, и нејзино враќање на масата на севселенските собори по  260 години, прашање кое веќе е етаблирано во Вселенската Патријаршија и одработено од Вартоломеј во блокот грко-јазични цркви. На тој пат од МПЦ-ОА не се бараат никакви структиурални и уставни измени, ниту пак се бараат цркви во дијаспората. На тој пат од МПЦ-ОА се бара единство и искрена почит кон оние кои по 55 години одлучија дека МПЦ-ОА е догматска, канонски исправна и жива црква, а не подземни црковно-политички игранки.

И да на тој пат, Руската црква, Српската, Бугарската, сакале или не сакале, веќе ја признале автокефалноста на Охридската Архиепископија во лицето на МПЦ-ОА.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *