Петар, Георгиј и Климент служеа литургија, верници се поклонуваа на моштите на Света Недела

Date:

Share post:

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар отслужи литургија, на која му сослужуваа Дебарско-кичевскиот митрополит Георгиј и епископот Хераклејски Климент во манастирот Света Недела во Оровник, охридско. Настанот беше поврзан со свеченото пристигнување на моштите на светата великомаченица Недела, кои во манастирот беа донесени претходниот ден на 25 април.

Моштите беа пречекани во храмот „Св. Илија“ во с. Оровник, од каде со свечена литија беа пренесени до манастирот, каде беа изложени за поклонение. По литијата се одржа вечерна богослужба, а свеченоста заврши со културно-уметнички програма.

Вечерта на богослужбата и следниот ден на Литургијата присуствуваа голем број верници и претставници на политичкиот и јавниот живот во државата.

-Овој свет чин се реализира на иницијатива на Црковниот одбор при манастирот „Св. Недела“ во Оровник, семејството Нелоски, свештенството од Дебарско-кичевската епархија, со благослов на митрополитите г. Георгиј и г. Петар и поддршка на локалната заедница, општина Дебарца и бројни помагатели – соопштува „Охрид њуз“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img