Папата и патријарх на Коптската црква, Тавадро II, беше во официјална посета на седиштето на Вселенската патријаршија во Константинопол. Тој пристигна во Фанар со својата официјална делегација во попладневните часови во саботата, на 25 април 2026 година.
По неговото пристигнување на главната порта на Вселенската патријаршија, беше пречекан од членови на патријаршиското свештенство, предводени од митрополитот Григориј Анкирски, додека ѕвоната свечено ѕвонеа.
Во Патријаршиската црква, го пречека митрополит Емануил Халкидонски, претседател на Синодалната комисија за меѓухристијански и меѓурелигиски дијалог,
По доксологијата, Тавадро II, придружуван од митрополитот Емануил, се упати кон Тронската сала, каде што беше свечено пречекан од Вселенскиот патријарх Вартоломеј I, во присуство на јерарсите на Престолот и членовите на коптската делегација.
Вселенскиот патријарх срдечно му се обрати на Тавадро II, кој возврати во истиот дух.
Потоа се одржа кратка приватна средба меѓу двајцата поглавари во Патријаршиската канцеларија.
Тавадро II е придружуван од митрополитот Томас од Кусија и Мир, митрополитот Даниел од Маади, Басатеен и Дар Ел Салам, епископот Ангелос, д-р Ваел Бадави, амбасадорот на Египет во Турција, Хатим Елaлфи, генерален конзул во Константинопол, како и од свештени и световни соработници.

