ЛГБТ заедницата ќе се собере на најголемиот фестивал на брегот од Мртвото море – древното место на Содом и Гомора

Date:

Share post:

Најголемиот ЛГБТ фестивал ќе се одржи на брегот на мртвото море, соопшти Министерството за надворешни работи на Израел на социјалната мрежа X. Станува збор за четиридневн фестивал, планиран за јуни.

-Гордоста се издигнува на најниската копнена точка на Земјата! Овој јуни Мртвото Море ќе стане ‘Земја на гордоста’ – најголемиот ЛГБТК+ фестивал што некогаш бил одржан на Блискиот Исток! Четири дена непрекината прослава и дружење! Израел го слави своето ЛГБТК+ заедништво повеќе од кога било!“, стои во соопштението.

Се очекува да бидат организирани и семејни зони со активности за деца и работилници за семејства.

Според главниот продуцент и иницијатор на настанот, Аарон Коен, фестивалот ќе биде од досега невидени размери.

-Ова не е само уште еден фестивал, туку најголемиот проект што сме го организирале досега. Инвестиравме милиони, резервиравме хотели за четири дена и изградивме цел град среде пустина! Ќе има прослава 24 часа дневно – од мирни посети до ‘вечери на гордоста’, со жива музика и многу луѓе“, изјавил тој.

Промоцијата на фестивалот на официјалниот профил на израелското МНР на X предизвика бројни негативни реакции на интернет, меѓу кои и од христијани, кои го нарекоа карактерот и местото на одржување на фестивалот „навреда за Бога“ и „потсмев на Библијата“.

Парадокост е уште поголем ако се земе предвид дека местотото каде ќе се одржи фестивалот се, билиски се смета дека се наоѓале древните градови Содом и Гомора.

Според верувањето Сидимската рамнина, Бог ја уништил со дожд од оган и сулфур поради развратот, беззаконието и насилството на нивните жители.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img