Важен ден за македонската црква во Париз – архиепископот служеше литургија, осветен и иконостасот на црквата

Date:

Share post:

Архиепископот Стефан во сослужение со митрополитите Пимен и Јосиф и епсикопот Западноевропски на СПЦ, Јустин отслужија света Литургија во црквата на МПЦ-ОА, „Св. Кирил и Методиј“во Париз, Франција.

Истовремено беше осветен новиот иконостас на оваа црква. На Светата Литургија присуствуваа и амбасадорот на Македонија во Франција, Игор Николов, како и полковникот Стојановски, военото аташе во Париз.

-Во текот на светата богослужба, верниот народ молитвено учествуваше во евхаристиското собрание, вознесувајќи благодарност кон Бога и прославувајќи го подвигот и верата на жените мироносици, како пример на љубов, пожртвуваност и верност кон Христос. Посебна радост на овој свечен ден беше извршувањето на чинот на осветување на новопоставениот иконостас во храмот, непосредно пред отпустот на Божествената Литургија. Иконостасот, со својата убавина и длабока духовна символика, дополнително го украсува светиот простор и ја воздигнува молитвената атмосфера. Настанот беше збогатен и со културно-забавен дел, кој помина во дух на единство, духовна радост и заедништво, оставајќи силен впечаток кај сите присутни верници, кои со голема љубов и почит го проследија овој значаен ден за македонската православна заедница во Франција, велат од епархијата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img