Партениј на средба со митрополитот на Италија и Јужна Европа во Венеција

Date:

Share post:

Eпископот Антаниски Партениј, заедно со дел од братството на Бигорскиот манастит бил гостин на митрополит на Италија и на Јужна Европа, Поликарп од Вселенската патријаршија, за време на неговото поклоничко патување во Италија. Сребата била во канцелариите на епархијата, кај православната соборна црква во Венеција, посветена на светиот великомаченик Георгиј Победоносец.

Овој свештен и велелепен храм има особено значење, бидејќи се смета за првата православна црква на Запад по поделбата на Црквата.

-Старецот беше пречекан со вистинско евангелско гостољубие и братска љубов. Во топла и духовно исполнета атмосфера беа разменети поздрави, мисли и благопожелби за заедништво и сведоштво на православната вера во современиот свет. За посетата објави и свештената Митрополија на Италија на својот Фејсбук профил. Потоа, во придружба на старешината на храмот, Неговото високопреподобие архимандритот г. Висарион, кој со голема љубезност беше наш водич, Старецот и браќата се поклонија на големи светињи што се чуваат во Венеција. Меѓу нив се чесните мошти на: светиот апостол и евангелист Марко, свети Јован Милостив, свети пророк Захарија – таткото на свети Јован Крстител, свето Александар патријарх Константинополски, светиот маченик Теодор Тирон, преподобниот отец наш Павле Тивејски – соподвижникот на свети Антониј Велики, и многу други свети угодници Божји. Ова благословено поклонение претставува уште една жива потврда за непрекинатото духовно единство на Православието, кое, и покрај историските разделби и географските оддалечености, продолжува да сведочи за истата вера, истата благодат и истото предание – „вчера и денес и во векови Истиот, велат од Бигорски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img