Трамп пронајде религиозни мотиви кај напаѓачот во Вашингтон

Date:

Share post:

Доналд Трамп изјави дека нападот за време на новинарската гала-вечера во Вашингтон имал религиозна позадина, иако надлежните институции сè уште не ги утврдиле мотивите на 31-годишниот напаѓач Кол Томас Ален.

Напаѓачот бил совладан и уапсен откако застрелал и ранил агент на Тајната служба во лобито на хотелот „Вашингтон Хилтон“, во момент кога во објектот се одржувала традиционалната вечера на дописниците од Белата куќа, на која присуствувале Трамп и други високи американски функционери.

„Се чини дека осомничениот долго време носел омраза во себе. Станува збор за религиозен мотив, силно насочен против христијаните“, изјави Трамп.

Тој додаде дека не бил свесен за степенот на ризик што го носи функцијата претседател кога се кандидирал.

„Доколку си значаен претседател, тогаш си изложен на многу поголема опасност отколку ако не си“, рече Трамп, потсетувајќи дека преживеал два обида за атентат за време на кампањата во 2024 година.

Според првичните информации, Ален е наставник со магистерска диплома по компјутерски науки и најверојатно престојувал во хотелот како гостин. Кај него биле пронајдени сачмарка, пиштол и ножеви. Истражните органи ќе се фокусираат на тоа како успеал да внесе оружје во објектот.

На настанот присуствувале и првата дама Меланија Трамп, потпретседателот Џеј-Ди Венс, министерот за одбрана Пит Хегсет и државниот секретар Марко Рубио.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img