Романската црква: Загрижувачки е растот на коцкањето во општеството

Date:

Share post:

Романска патријаршија e длабоко загрижена поради се поголемото влијание на феноменот на коцкање во романското општество.

Синодот на Романската црква со соопштение предупредува дека овој феномен не го засега само личниот живот, туку и рамнотежата на семејствата и заедниците.

Романската патријаршија повикува на одговорност од сите вклучени чинители – поединци, семејства, институции и јавни власти – со цел да се ограничи ширењето на овој феномен, да се заштити човечкото достоинство и да се поттикне општото добро.

-Сметаме дека е неопходно да се засили промоцијата на политики и мерки што ќе ја обесхрабрат зависноста од игри на среќа и ќе обезбедат конкретна поддршка и за погодените лица и за нивните семејства. Пасторалното искуство на Романската православна црква укажува на бројни случаи во кои зависноста од игри на среќа довела до сериозни финансиски нарушувања, семејни тензии, длабока болка и социјална маргинализација, па дури и до случаи на самоубиство, особено погодувајќи ги ранливите категории, вклучително и младите. Во овој контекст, важно е да се нагласи потребата од подигање на свеста за реалните ризици поврзани со овие практики и нивните долгорочни последици, посочува Романската патријаршија во своето соопштение.

-Практиките поврзани со игрите на среќа ја промовираат илузијата за брза и лесна добивка, поттикнувајќи начин на размислување што може да доведе до зависност, како и до губење на внатрешната слобода и моралните вредности. Зависноста од игри на среќа не претставува само однесувачки проблем, туку сложено нарушување, карактеризирано со невропластични промени и дисфункции на мозочните системи, слични на оние опишани кај зависностите од супстанции, стои во соопштението.

Во исто време, Романската патријаршија го потврдува својот пасторален ангажман за поддршка на лицата во тешкотии, преку духовно советување, насочување и заедничка солидарност, повикувајќи на повторно откривање на вредностите на избалансиран живот и превенција од зависности.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img