Поранешниот претседателски кандидат, Тито Петковски, во интервју за емисијата Во Центар – со Васко Ефтов, обелодени дека поранешниот митрополит Полошко-кумановски, Кирил го поддржал него за претседателски кандидат во 1999 година во трката со Борис Трајковски.
Една од причините вели дека била тоа што Трајковски беше протестант. Како што објаснува Петковски, владиката Кирил потврдувал дека Тито Петковски е крстен како православен христијанин и дека е почитувач на МПЦ-ОА, наспроти тогашните шпекулации дека е атеист, поради неговите левичарски политички убедувања.
Петоковски во емисијата зборува и за улогата на Комунистичката партија во поддршката на МПЦ-ОА.
Погледнете го видеото.

