МПЦ-ОА и православните цркви ги слават Цветници – последното влегување на Христос во Ерусалим

Date:

Share post:

Православните верници денеска го слават празникот Цветници, е еден од најзначајните во христијанската традиција. Се слави во неделата пред Велигден и го одбележува свечениот влез на Исус Христос во Ерусалим, кога народот го пречекал со палмови гранки, изразувајќи почит и радост. Тоа е последното влегување на Христос во Ерусалим

Во македонската традиција, наместо палмови, се користат врбови гранчиња, кои се благословуваат во црквите и се делат на верниците. Овие гранчиња симболизираат победа, живот и обновување, и често се чуваат во домовите како знак на благослов и заштита.

Цветници имаат и посебно значење за сите што носат имиња поврзани со цвеќиња и растенија – тие го празнуваат својот именден на овој ден. Овој ден носи порака за надеж, смирение и духовна подготовка за најголемиот христијански празник – Велигден. Цветници нè потсетуваат дека по секоја жртва доаѓа воскресение, а по секоја зима – пролет.

Црковното значење на Цветници е длабоко поврзано со еден од клучните настани во евангелската историја – свечениот влез на Исус Христос во Ерусалим, непосредно пред Неговите страдања, распнување и воскресение.

Овој празник ја означува почетокот на т.н. Страсна седмица – периодот во кој Црквата се сеќава на последните денови од земниот живот на Христос. Народот во Ерусалим Го пречекал со радост, постилајќи гранки и облека по патот и извикувајќи „Осана“. Но, црковното толкување нагласува дека оваа радост е и парадоксална, бидејќи истиот народ подоцна ќе побара Негово распнување.

Во богословска смисла, Цветници носат неколку клучни пораки: Исполнување на пророштвата – Христовиот влез во Ерусалим. Патот кон страдање и победа – празникот е вовед во страдањата, но и најава на конечната победа над смртта преку воскресението.

Најдлабоко, Цветници се повик до верниците – не само да Го пречекаат Христос со зборови, туку и да останат верни и во моментите на искушение, за разлика од народот кој лесно ја заменил радоста со осуда.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img