Почетна Вера Католиците во Македонија се поклонија на Св. Кирил и Методиј
Католиците во Македонија се поклонија на Св. Кирил и Методиј

Католиците во Македонија се поклонија на Св. Кирил и Методиј

258
0

Верниците на Католичката црква од византиски обред во Македонија, го одбележаа 24 мај, денот на сесловенските просветители, „Св. Кирил и Методиј“. Централната прослава била во црквата во Богданци, која е посветена на „Св.Кирил и Методиј“.

katolicka sv kiril i metodijТаму света литургија служел Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх, Киро Стојанов.  Воедно овој ден е и патронен празник на оваа црква.

Со епископот Стојанов сослужувал Џовани Марија Леонарди, кој ја придружува статуата Марија од Назарет, која веќе неколку дена е во Македонија и за 24 мај била во оваа парохиска црква.

– Свети Кирил и Методије заедно со Марија од Назарет бидете наши застапници пред Господа Бога за доброто на секое семејство, на оваа наша заедница и на нашата татковина, потенцирал Бискупот Стојанов.

katolicka sv kiril i metodij 2За денот на „Светите Кирил и Методиј’ Католичката црква го прослави и патрониот празник на парохиската црква „Свети Кирил и Методиј“ во Петралинци.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *