Почетна Вера Католичката црква во Скопје го прослави патронот-заштитник
25
24
23
22
21
20
19
18
17
16
15
14
13
12
11
10
9
8
7
6
5
4
3
2
1

Католичката црква во Скопје го прослави патронот-заштитник

288
0

Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“, во Скопје го одбележа заштитникот на Скопската бискупија и скопската катедрална парохија со свечен Евхаристиско славење, кое го предводеше војниот бискуп во Босна и Херцеговина Томо Вукшиќ.

Заедно со бискупот Вукшиќ служеше и Скопскиот бискуп Киро Стојанов, скопскиот парох Давор Топиќ, парохискиот викар Јошт Мезег, како и свештеници од бискупијата и апостолскиот егзархат.

На прославата на патронот беа Директорката на комисијата за односи со верските заедници Валентина Божиновска, амбасадорката на Р. Хрватска Данијела Баришиќ и амбасадорот на Р. Словенија Бранко Раковец.

Пред почетокот следеше процесија околу катедралата со иконата на Пресветото Срце Исусово И литургиски песни во чест на Божанското Срце.

-Во обичниот човечки говор срцето се споменува во многу различни значења, меѓутоа сите се редовно поврзани со чувствата и тоа најчесто со љубовта. Така се вели: добро срце, големо срце, да се допре до срцето; да се поклони срцето на саканата личност, срцето им затрепери од љубов; срдечни, сесрдни, меѓутоа исто така срце кое се раскинува од болка, тврдо срце, без срце, има срце. Во библискиот говор срцето има многу пошироко значење од подрачјето на чувствата. На него му се препишуваат исто така чувства, намисли, одлуки. Според Стариот Завет Бог на луѓето им даде срце да размислуваат, а мислите на Божјото срце го означува Божјиот план со луѓето. Човекот гледа на очите, а Бог гледа што е во срцето. Господ треба да се бара со целото свое срце и кога ќе Го најдеме да застанеме пред Него со раскајано срце, молејќи Го да ни создаде чисто срце. Во Новиот Завет Исус ја презема науката на пророците. Предупредува дека од срцето доаѓаат зли мисли, убиства, прељубодејства, блудност, крадење, лажни сведоштва, пцости. Затоа само на чистите по срце им ветува дека ќе го гледаат Господ, и таа чистота е Тој самиот Кој е кроток и со понизно срце “, потенцирал во пригодната проповед бискупот Вукшиќ

ФОТО: КАТОЛИЦИ.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *