Почетна Коментар Собор за легализација на антиекуменизмот, ерес кој го води во пропаст Православието
Собор за легализација на антиекуменизмот, ерес кој го води во пропаст Православието

Собор за легализација на антиекуменизмот, ерес кој го води во пропаст Православието

638
2

Тоа што тргна како мислења на поединци (во Православната црква дефинирани како антиекуменисти и тврдокорни бранители на тезата дека се што не со нив е против нив) денеска, на десет дена пред одржувањето на со децении подготвуваниот Сеправославен собор, стана официјален став на мнозинството православни архиереи, меѓу нив и на најголемите и најмоќни црковни центри.

Русија, Бугарија, Грузија, Грција, Света Гора, Србија… на сите овие центри веројатно најголем проблем денес во Христијанството им е дали Католичката црква, смее и може да се нарекува Црква, дали и во кој обем смее и може да се комуницира со католички свештеници, или верници.  Дали некој Православен смее да се вљуби во Католик, не дај боже Муслиманин. На сите овие центри, денеска, 21 век по Христа, поважно им е кој кај ќе седи на соборната маса и дали во објективот на медиумите ќе влезе некој лик за кои тие сметаат дека тој себе си и нема право да се нарекува Христијанин. Се им е поважно, освен суштината. Освен љубовта Христова.

Себичноста да се зачува некакво внатрешно единство во секоја од овие цркви поединечно, кое во реалноста е само привид, но е веројатно одржувано од некои други причини кои се далеку од оние што и се суштината на единството на Црквата, резултира со целосна деградација на Црквата како целина.

Едната света, соборна и апостолска црква, во која верниците треба да веруваат, веројатно никогаш не била така распарчена и поделена по линии мотивирани од национал-политички идеологии во кои денеска е заробено вистинското единство на Православната црква.

Можете ли да го замислите нивото на егоизам, во кој се дават дел од епископите од овие цркви, кога за нив поважно е дали Католичката Црква треба воопшто и да се нарекува црква, отколку тоа како милиони православни верници, во Македонија, Црна Гора, Украина, Естонија и уште на многу други места, се уште се изолирани од единството на Црквата, само затоа што некој и некаде така сака. Затоа што некој и некаде не сака и не може да погледне во реалноста.

Но, православната црква веќе со векови не гледа во реалноста и затоа не може да разбере дека причината што од година в година се помал е бројот на нејзините верници, не е резултат на некаков заговор од Западот, туку нејзиниот постепен, но трасиран распад е од внатре. И тоа токму од оние кои никогаш не научија дека Христос ги сакаше сите, а не презираше никој.

Да го сакаш ближниот и во него да гледаш само Православен, или пак само припадник на Црква за која ти (кој ти го дал тоа право) одлучуваш дали ја признаваш, или не,  е ерес од прв степен.

Ако 1200 години православните цркви не можеа да најдат начин како да го обезбедат единството на Едната Света, Соборна и Апостолска црква, тогаш веројатно беше грешка и идејата тоа единство да се демонстрира, токму сега преку една заедничка фотографија кога веќе сите клучни проблеми беше решено да се стават под тепих.

Најголем број од Вселенските собори биле свикувани за решавање на проблемите, како и за осуда на ересите и еретиците, но ересите кои значеле напуштање на темелите на Христово учење.

Овој сегашен Собор на Православата црква, ако се одржи, ќе биде Собор за легализација на антиекуменизмот. Ќе биде Собот на легализација на ересот кој веројатно ќе ја однесе во конечен пропаст Православна slika marjanцрква.

Ако, Христос и Апостолите се потпираа на идеологијата на денешните антиекуменисти, да се судат и отфрлаат различните, Христијанството немаше да го преживее ниту првиот век и ќе беше една изолирана секта.

Христијанството го освои светот и ги придобиваше и најголемите прогонители, само затоа што беше засновано на љубов и почит. Беше. Дали се уште е?

Пишува: Марјан Николовски – Новинар  

Коментар(2)

  1. Почитуван г. Марјан Николовски.

    Причината за овој мој коментар е Вашето обвинување на православните антиекуменисти, или поточно ревнители за православната вера и благочестие за ерес. Проштевајте, но тоа е најдрска хула на Светиот Дух. Очигледно дека Вие воопшто не сте запознаени со екуменизмот и со неговите штетни последици, па затоа, бидејќи сте новинар и работата ви е да истражувате, би сакал да ве замолам подобро да се запознаете и информирате со оваа ерес, за во иднина да не пишувате вакви смешни и неосновани текстови. Како професионалец, треба подробно да ја проучите оваа појава, која што е многу сложена. Имате право на свој став, но да се обвинува севкупната Православна Црква, низ сите векови и низ сите времиња, и членовите на Црквата, кои што се против екуменистичката ерес и од кои има и светители (на пр. Св. Јован Шангајски, св. Теофан Полтавски и.т.н.) за ерес, е недопустливо и непрофесионално. Јас лично сум антиекуменист, и со Божја помош, благодат и закрила, никогаш нема да ја примам оваа душепогубна ерес. Но, тоа не значи дека ги мразам римо-католиците, протестантите, мухамеданците и.т.н. Човекот го љубам и го прифаќам како личност и создание Божјо, а неговата заблуда која води во вечна пропаст не. Секој има право на свое мислење, Бог ни дарувал слободна волја и сите ние имаме право на свој избор, но истовремено и одговорност за сопствените постапки. Проштевајте доколку Ве навредив со нешто. Ве поздравувам. Со љубов во Христа, иеромонах Атанасиј Трајковски.+

  2. Секој што се смета себеси за екуменист, тогаш самиот се објавува за еретик и непријател на Православието.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *