Митрополитиот Георгиј во интервју за Тема на Денот на ТВ Сител, побара појаснување на правната рамка околоу оданочувањето на верските заедници и правниот статсу на самите верски заедници, бидејќи смета дека станува збор за комплексно прашање, а и самите верски заеднции имаат комолексен правен статус. Митрополитот Дебоарско-кичевски вели дека црквите и верските заедници и сега плаќаат одреден данок, но дека е потребно правно појаснување.
-Станува збор за комплексно прашање со оглед на комплексниот правен статус на верските заедници. Чинам дека е потребно појансување на правната рамка, која што подобро ќе ги појасни и регулира обврските за даничната основа и даночното ослободување, веки Георгиј во Тема на денот на Сител.
Во разговорот тој зборува за предизвиците со кои се соочува во епархијата Дебарско-кичевска, за вклученоста на младите во црковниот живот, за статусот на црквата Света Софија и за манастирскиот конак од Плаошник, кои од пред една година се под управа на Архиепископот Стефан, а не на Дебарско-кичевската епархија.
