Осветена црквата во село Ѕвегор, на осветувањето дојдоа и поранешни монахињи на МПЦ кои се сега во БПЦ

Date:

Share post:

Епископот Делчевско-каменички Марко ја исвети црквата „Свети Пророк и Претеча Јован Крстител“ во село Ѕвегор, општина Делчево.

На Марко му сослужуваа свештениците епархијата, но и клирици гости од Бугарската православна црква, архимандрит Антим и јеромонах Стилијан од Видинска епархија, а беа присутни и свештеници од Неврокопската епархија.

-На чинот на осветување и на Светата Литургија присустваа монахињте како од Делчевско – каменичката епрхија но и монахињи гости од Клисурскиот Манастит заедно со игуманијата Таисија (Видимска епархија). Покрај домашното население беа присурни и верници од повеќе краишта на соседна Република Србија а истио така и од повеќе краишта на соседна Република Бугарија. На крајот од Литургијата Епископот Марко се заблагодари на ктиторот Делче Гошев со фамилијата и сите кои помогнале за несебичното дарување, пожртвуваност и ревност за изградба на светиот храм како долговечен спомен за идните генерации. Исто така Епископот г. Марко на крајот од Литургијата се заблагодари на сите присутни кои беа дошле на овој велелепен настан. После Сетата Литургија ктиторот заедно со своите блиски членови на фамилијата но и со своите пријатели послужи свечен ручек за сите присутни, велат од Епархијата.

Инаку Игуманијата Таисија е монахињата која пред 20 години од МПЦ-ОА замина во ПОА, а потоа со дел од сестринството замина во БПЦ во Клисурскиот манастир.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here