Почетна Вести Вартоломеј доведен до ѕид, Москва бара вонредна средба на Поглаварите
Вартоломеј доведен до ѕид, Москва бара вонредна средба на Поглаварите

Вартоломеј доведен до ѕид, Москва бара вонредна средба на Поглаварите

1.23K
0

Руската православна црква бара итна координација на Поглаварите на помесните православни цркви со цел да се најде решение за новонастанатата ситуација, откако Бугарската патријаршија го откажа учеството на Сеправославниот собор закажан за 16 јуни на Крит. Синодот на Московската Патријаршија вчера заклучил дека единството на Православието е во сериозен проблем и потребен е итен одговор.

sinod rpc 2-Со оглед дека одлуките на Сеправославениот собор можат да бидат прифатени само врз основа на консензус (Одлука на собранието на поглаварите на православните помесни цркви од 6-9 март 2014 година,), односно едногласно од сите општо признати автокефални православни цркви, неучеството во Соборот на дури една од нив е непремостлива пречка за спроведување на Светиот и Велики собор, стои  во еден од заклучоците на Синодот на РПЦ.

Руските владици сметаат дека покрај Бугарската православна црква, сериозен проблем за одржувањето на Соборот е и спорот меѓу Антиохија и Ерусалим за јуриздикцијата врз Катар, што пак значи дека постојат сериозни проблеми на две недели пред одржување на Соборот и затоа е потребна итно барање решение.

-Сметаме дека излезот од создадената вонредна состојба може да биде во спроведување на вонреден предсеправославен состанок за разгледување на ситуацијата и проучувањето на поднесените од помесните Православни Цркви измени на документите со цел изработка на усогласени предлози. Тој состанок треба да се одржи неодложно и најитно, но не подоцна од 10 јуни годинава, за да може врз основа на одлуките донесени од него, Православните цркви да можат да понудат мислење за можноста за одржување на Сеправославниот Собор во зацртаните рокови, е ставот на Руската православна црква.

Инаку на оваа седница, Синодот на РПЦ-МП изгласал промени во дел од предложените текстови по точките од дневниот ред, кои се однесуваат на односите на Православната црква со останатиот христијански свет, со што и Црковна Москва се приклучи на групата Цркви која на индиректен начин го саботира одржувањето на Сеправославниот собор.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *