Копија на Богородица Троеручица од Света Гора донесена во Штип

Date:

Share post:

Копија на Пресвета Богородица Троеручица,од манастирот Хиландар на Света Гора, пристигна во Брегалничката епархија и собра голем број верници на поклонение.

Иконата ја донесе архимандритот Методиј од Хиландарската обител на 6 јуни 2026 година, во соборниот храм „Св. Николај“ во Штип.

Иконата беше пречекана од надлежниот архијереј, митрополитот Брегалнички Иларион и од  митрополитите Григориј и Никола, свештенослужители и монаси од Брегалничката епархија.

Од соборниот храм „Св. Николај“ со литија иконата беше однесена во храмот „Св. вмч. Димитриј“ во Ново Село, Штип, каде што беше отслужен Молебен канон и Акатист кон Пресвета Богородица. Потоа архијереите, свештенослужителите и многубројниот верен народ се поклонија на иконата.

-Иконата ќе биде постојано во храмот „Св. вмч. Димитриј“ во Ново Село, Штип, и сите верници кои сакаат да се поклонат и помолат пред чудотворната икона на Пресвета Богородица Троеручица се добредојдени. Пресвета Богородице спаси нас!, велат од епархијата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img