Архиепископот Стефан испрати честитка до Вселенскиот патријарх Вартоломеј

Date:

Share post:

Архиепископот Стефан му го честитал именденот на Вселенскиот патријарх Вартоломеј, објави црковниот портал Литургија.мк.

Во честитката што ја испратил, поглаварот на МПЦ-ОА му ги честитал на Вартоломеј и двата значајни јубилеа што го одбележува оваа година, а тоа се 35 години како патријарх на престолот на Вселенската патријаршија и 65 години од почетокот на неговата свештеничка служба.

Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, спроти празникот на светиот апостол Вартоломеј и именденот на Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј, а по тој повод испрати честитки и благопожелби. Исто така, на Неговата Сесветост му се честитаат и значајните јубилеи што годинава ги одбележува – 35 години од Неговото патријаршиско служење на престолот на Великата Христова Црква и 65 години од почетокот на Неговата свештеничка служба. Во честитката се изразуваат молитвени благопожелби за добро здравје, духовна крепост и уште многу години плодоносно патријаршиско служење, стои вовеста на Литургија.мк.

За потенцирање е дека овој портал во оваа вест ја користи формулацијата Вселенски патријарх, за разлика од сите претходни вести во кои Вартоломеј го нарекува Цариградски патријарх.

Инаку честитката од архиепископот Стефан се поколопува со денто кога пред честири години во фанар се случи првото и единствено сослужување на поглавари на двете цркви.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img