Вартоломеј под црковно дипломатски притисок: Дали Бугарската црква лобира за името „Охридска Архиепископија“

Date:

Share post:

Во период кога Македонската православна црква – Охридска Архиепископија сѐ уште го очекува конечниот Томос за автокефалност од Вселенската патријаршија, во православните кругови сѐ погласно се поставува прашањето дали во Фанар се води тивка дипломатска битка околу едно име – Охридската Архиепископија, пишува порталот 48часа.мк.

Познавачи на православната дипломатија со кои разговараше „48 Часа“ тврдат дека Бугарската православна црква во последниот период значително ги интензивирала контактите со Вселенската патријаршија и дека едно од прашањата кое се отвора во тие разговори е токму историското наследство на Охридската Архиепископија.

Според истите извори, во Софија постои сериозна загриженост дека евентуален Томос на Вселенската патријаршија за Македонската православна црква би можел експлицитно да го афирмира терминот „Охридска Архиепископија“, со што дополнително би се зацврстила меѓународната црковна позиција на МПЦ-ОА како наследник на древната Охридска Архиепископија.

„Бугарската црква со децении ја негува тезата дека и самата има историско право на наследството на Охридската Архиепископија. Поради тоа, во Софија не гледаат со ентузијазам на можноста Фанар конечно и недвосмислено да го затвори тоа прашање во корист на МПЦ-ОА“, вели еден од нашите соговорници, долгогодишен познавач на меѓуправославните односи.

Официјално, ниту Вселенската патријаршија ниту Бугарската православна црква немаат соопштено дека ова прашање е дел од разговорите. Но факт е дека во последните месеци односите меѓу Вселенскиот патријарх Вартоломеј и бугарскиот патријарх Даниил се развиваат со невообичаена динамика.

Првата значајна средба се случи во септември 2025 година во Солун, каде двајцата поглавари имаа повеќечасовен разговор за состојбите во православниот свет.

Само неколку месеци подоцна, од 25 до 28 декември 2025 година, патријархот Даниил ја реализираше својата прва официјална мирна посета на Фанар по изборот за поглавар на Бугарската црква. За време на посетата беше примен од Вартоломеј, сослужуваше со него во патријаршискиот храм „Св. Георгиј“ и одржа повеќе официјални и неформални средби.

Повеќе црковни медиуми тогаш забележаа дека посетата претставува „јасен сигнал за приближување“ меѓу двете цркви и дека меѓу Софија и Фанар е воспоставен интензивен канал на комуникација.

Токму тоа, според дел од аналитичарите, е причината поради која во Скопје внимателно се следи секоја средба меѓу двајцата патријарси.

Прашањето за Охридската Архиепископија не е само историско. Тоа е суштинско прашање на идентитет и црковно наследство.

Целиот текст прочитајте го ОВДЕ

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img