Владиката Петар ќе бара од Синодот да му се одземе епархијата на Пимен – нови потреси во МПЦ-ОА

Date:

Share post:

Владиката Петар најави дека на следната синодска седница во полн состав, презакажана за 26 мај оваа година, ќе бара формирање на нова епархија на местото на постојната Европска епархија. Во гостувањето на ТВ Алфа, владиката Петар сега на тапет го зема владиката Пимен за кого вели дека треба да му биде одземена Европската епархија, бидејќи тој не управувал канонски со нејзе. Петар тврдеше дека Пимен 10 години не отишол во Англија, дека не знае што се случува во Малта, дека наместо во Европа, тој епархијата ја води со седиште во Сккопје. Дополнително владиката Петар вели дека таа епархија има 500.000 верници, што се премногу за еден владика.

-Не може на еден владика од дијаспората седиштето да му биде во Скопје. Зборувам конкретно за Европската епархија, која што има преку 500.000 верници. А другите цркви во Европа имаат шест седум епархии, а ние со една епархија. Значи почнуваме процес пред Синодот за формирање на други епархии во дијаспората. Ако сме 500.000 во Европската епархија, извинете не може со еден архијереј кој што, еве конкретно ќе ви кажам. Откако е поставен Дедо Пимен на таа епархија 10 години не стапнал во Англија. А таму има четири црковни општини. А каноните велат дека ако еден архијереј шест месеци не стапне во својата епархија, во конкретниот случај држава, вика му се одзема епархијата. Епа сега не може да седите во Скопје, да управувате со цела Европа, а да не знаете што се случува во Малта, дека таму си оди владиката Марко и служи во српска црква..си врши служби… има многу проблеми и изјавите на Марко дека ние не сме биле автокефална црква и дека соборот на архиереите не донел таква одлука, тоа мислам е поврзано со оној исто владика кој управува со Малта, владиката Андреј (СПЦ), кој со уште некои архиереи таму прават проблем со самата српска црква, кои јасно беше кажано дека биле за опозицијата за студентските протести што биле таму. И ние сега што праиме ќе се здружуваме со другите цркви за да им правиме штети на другите цркви, изјави владиката Петар на Тв Алфа.

Петар го нарече Пимен и како лажен владика, алудирајќи на моментот дека тој се извинил за повикот да се гласа на Референдумот, бидејќки бил излажан.

-Пимен се покајал. Чекајте исто е тоа како Ева и Адам. Адам кога го праша Господ… адеме да не си јадел од забрнетото дрво и плод… Вика ја не сум виновен, туку виновна е Ева ти што ми ја даде… Значи Господ е виновен… и што му кажа Господ… Надвор од Рајот…. Ако јас како владика лажам. Значи јас сум лажен владика и треба да си одам од црквата, изјави владиката Петар.

Во интервјуто, владиката Петар во стилот „Кој удрам не жалам’, зборува за внатрешноте проблеми на црквата и бара да профункционира црковно-судската власт и да бидат расчинети сите кои ја соблекле мантијата, а се уште се водат како клирици на црквата.

Погледнете го видеото.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img