Новиот Грузиски патријарх Шио ја отслужи правата патријаршиска литургија и з авреме на Големиот вход, кога се спомнуваат поглаварите на автокефалните помесни цркви не го спомна Архиепискиопот Стефан, со што го потврди ставот на Грузиската црква дека не го признава автокефалниот статус на МПЦ-ОА.
Во црковната јавност во Македонија пред две години се зборуваше дека Грузиската црква ја признава автокефалноста. Литургискитот чин е најголем доказ дека тоа не е така.
За разлика од МПЦ-ОА, Шио го спомна поглаварот на Американската православна црква како последен во редот на Диптихот на Грузиската црква.
