Вселенскиот патријарх Вартоломеј го прими амбасадорот Аиво Орав, актуелен шеф на Делегацијата на Европската Унија во Турција. Средбата е забележана во официјалниот календар на Вселенската патријаршија за 26 ноември 2026 година.
Орав, кој е естонски дипломат, ја презеде функцијата амбасадор на Европската Унија во Турција во април годинава. Пред тоа, во периодот од 2024 до 2026 година, беше шеф на Канцеларијата на ЕУ во Косово и специјален претставник на Унијата.
Неговата дипломатска кариера е поврзана и со Македонија. Од 2012 до 2016 година, Орав беше шеф на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, во период обележан со значајни политички и институционални предизвици во земјата. Претходно, од 2005 до 2012 година, беше и нерезидентен амбасадор на Естонија во Македонија.
По заминувањето од Скопје, тој ја предводеше Делегацијата на ЕУ во Црна Гора од 2016 до 2020 година, а потоа беше постојан претставник на Естонија во Европската Унија.
Вселенската патријаршија во кратката објава, но не соопшти детали за темите на разговорот меѓу патријархот Вартоломеј и европскиот дипломат.
Средбата се случува во контекст на дипломатските контакти на Вселенската патријаршија со европските институции, особено во однос на положбата на христијанските заедници, верските слободи и улогата на Патријаршијата во меѓународните и меѓуцрковните односи.

