
Средба на Архиепископот Стефан Скопскиот и со Бискупот од Босна
225
0
Воениот бискуп во Босна и Херцеговина монсињор Томо Вукшиќ, кој е во посета на Македонија, заедно со Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх Киро Стојанов, имале средба со Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во Архиепископијата во Скопје.
Во придружба на бискупот биле и скопскиот парох и декан Давор Топиќ и соработникот на воениот ординаријат во Б и Х Јосип Тадиќ.
На средбата, како што објавува „католици.мк“ Архиепископот Стефан го запознал бискупот Вукшиќ со историјата и животот на Македонската Православна Црква.
Бискупот Вукшиќ и Архиепископот Стефан разговарале и за веронаука во училиштата и сеправославниот собор кој треба набрзо да се одржи.