Организаторите на утрешните, трети по ред Лазарови поворки во Скопје, ја објаснија програмата за чествување на Лазарова сабота.
Во гостувањето на утринската програма на Сител – „Ја сакам Македонија“, актерот Владо Дојчиновски појасни дека детската поворка ќе почне во 12:00 часот, пред Црквата „Св. Димитриј“ во Скопје, со врбови гранчиња и радосни каланди, ќе прододолжи до храмот „Св. цар Константин и царица Елена“, носејќи ја веста за Лазаревото воскресение.

