Почетна Вести Христијанство Кабинетот на Архиепископот го демантира Оливер Андонов – во МПЦ-ОА нема двојни игри, со неговите ставови шири омраза против МПЦ-ОА
Кабинетот на Архиепископот го демантира Оливер Андонов – во МПЦ-ОА нема двојни игри, со неговите ставови шири омраза против МПЦ-ОА

Кабинетот на Архиепископот го демантира Оливер Андонов – во МПЦ-ОА нема двојни игри, со неговите ставови шири омраза против МПЦ-ОА

772
0

МПЦ-ОА, преку кабинетот на Архиепископот г.г Стефан ги демантира јавните настапи на Оливер Андонов, кој изминативов период тврди дека под негово менторство се одвивал процесот на признавање на МПЦ-ОА. Истовремено во демантот се посочува дека ставовите на Андонов се тенденциозни, крајно опасни и поттикнуваат омраза против Бигорскиот манастир, кој има значајна улога во процесот на решавање на децениското црковно прашање.

-Во повеќе наврати, при своите гостувања во медиумите, г. Оливер Андонов изнесува разни информации за текот на преговорите меѓу Српската и Македонската Православна Црква во однос на нашето црковно прашање, потенцирајќи ја својата наводна улога во целиот процес. Сакаме во целост да ги демантираме овие наводи за неговата целосна вклученост во процесот, сметајќи ја за пренагласена и непостоечка решавачката улога што самиот ја истакнува за себе. Целиот процес, и со Вселенската Патријаршија и со Српската Православна Црква, беше воден  од претставници на нашата Света Црква, стои во демантот на МПЦ-ОА.

Од Кабинетот на Архиепископот посочуваат дека во целиот процес владиците на МПЦ-ОА се целосно посветени на постигнување на двете значајни цели, а тоа е автокефалноста и легитимното право на наследство на Охридската Архиепископија и од тие прилични ставовите на лаици за ова прашање се само пласирање погрешни информации.

-МПЦ-ОА повеќе од 70 години го води дијалогот со сестринските Православни Цркви за нејзиниот статус, неотстапувајќи од ставот за автокефалност и за легитимност врз правото за наследност на Охридската Архиепископија, како Црква на македонскиот и на сите народи кои живеат на овие простори. Затоа го сметаме за непотребно земањето право на г. Андонов да дели „совети“, да повикува на „храброст“ и да констатира „немање храброст“ и учество во „двојни игри“ на епископите и на свештенослужителите за она што е нивно сигурно убедување и своевиден завет. Се согласуваме единствено со неговата констатација, изнесена од позиција на лаик, дека „во Македонија постои навика постојано да се потпираме на лаици, на луѓе кои си земаат за право да коментираат нешто за што немаат никакви познавања, со што омаловажуваат, осудуваат луѓе или пласираат погрешни информации“, стои во демантот.

Андонов пред два дена во емисија на еден од порталите во Македонија, директно го обвини Бигорскиот манастир, дека работел против интересите на црквата, воедно повикувајќи на јавен линч. Таквите негови ставови МПЦ-ОА ги оценува како ширење омраза, тенденциозни и особено опасни.

-Ги чувствуваме за особено опасни, со голема доза на тенденциозност, но и како суптилно повикување на омраза, со можност за несакани последици, изјавите со кои споменатото лице, при своето неодамнешно гостување на онлајн емисијата „Тешки муабети“ на порталот „Инфомакс“, повикува на некакво „конечно заведување ред и поредок во Бигорскиот манастир“. Манастирите се најдобрите и најголемите репрезенти на МПЦ пред сеправославната полнота, нивниот подвиг и придонес во градењето на духовната Црква во Македонија е очигледен и видлив, а нивниот придонес во процесот на решавање на нашето црковно прашање беше и е од особено значење, стои во демантот.

Истовремено Кабинетот на Архиепископот го демантира Андонов и во поглед на неговите ставови за заминувањето на поранешниот шеф на кабинет отец Бобан Митевски, посочувајчи дека нема никакви други причини, освен личната одлука на Отец Бобан.

-Воедно ги демантираме и посочуваме како невистинити и информациите кои г. Андонов ги тврди за поранешниот шеф на Кабинетот на Архиепископот, информирајќи ја јавноста дека неговото заминување од позицијата Шеф на Кабинетот беше на негово барање, поради лични предизвици и дека истиот до крајот на своето задолжение доследно и најпрофесионално ги извршуваше своите обврски, останувајќи на располагање со својата компетентност и во иднина, по наоѓање на Архиепископот, стои во демантот од Кабинетот на Архиепископот г.. Стефан.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *