Почетна Вести Европа Московскиот Патријарх Кирил учествуваше на воениот состанок во Министерството за одбрана на Русија
Московскиот Патријарх Кирил учествуваше на воениот состанок во Министерството за одбрана на Русија

Московскиот Патријарх Кирил учествуваше на воениот состанок во Министерството за одбрана на Русија

230
2

Поглаварот на Руската православна црква, Патријархот Кирил учествувал на воен состанок на министерството за одбрана на кој се анализирале резултатите од воените активности во Укрина. Веста за учеството на Патријархот Кирил ја  соопшти руската православна црква.

-На 21 декември 2022 година, Врховниот командант на Вооружените сили на Руската Федерација, Владимир Путин, го посети Националниот центар за управа на одбраната во Москва, каде одржа проширено заседание на колегиумот на Министерството за одбрана на Руската Федерација.

Во своето обраќање, државниот водач ги изложи остварените активности на Вооружените сили во текот на 2022 година. Со свое обраќање излезе и министерот за одбрана на Русија, генералот на армијата Сергеј Шојгу.

Во заседанието зеде учество и Патријархот Московски и на сета Рус Кирил, стои во соопштението.

Што бара поглаварот на црквата на воен состанок, е вистинското прашање за одговор.

Коментар(2)

  1. Вие не ја разбирате руската вековна традиција очигледно. Секогаш, освен за време на болшевизмот, во Русија Поглаварот на Црквата бил присутен во најважните историски состаноци на највисоката власт (во некои периоди бил и постојан формален или неформален член на највисоките државни тела, влијаел и на изборот на престолонаследниците и на државните функционери), од него се барал совет или благослов за бројни одлуки. Многу руски војни се добиени со отворена Божја помош, нема причина да не биде така и овојпат. Што ве тера да мислите дека концептот на “современите демократии” е идеалниот модел кој најевангелски го дефинира местото на црковните достоинственици во општествените процеси? Во која православна земја не било така?

  2. “Што бара поглаварот на црквата на воен состанок, е вистинското прашање за одговор.” Господине Уредник, тоа е исто како да прашате што бара православен претседател или премиер на држава, да присуствува на литургија!
    Добро е да си најдете духовник, доколку немате, и да почнете да живеете литургиски, и ќе ви биде појасно!

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *