Почетна Вести Иванов за Велигден во црквата во која мироточи иконата на „Пресвета Богородица“
20
19
18
17
16
15
14
12
11
10
9
8
7
6
5
4
3
2
1

Иванов за Велигден во црквата во која мироточи иконата на „Пресвета Богородица“

500
0

Претседателот Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата Маја Иванова, вчеравечер веста за воскресението Христово ја дочека во храмот„ Св. Великомаченик Георгиј Победоносец – Трубарево“, каде еден месец пред Велигден почна да мироточи иконата на „Пресвета Богородица“. Иванов присуствувал и на Свечената Воскресна литургија во за големиот христијански празник Велигден.

Утрово пак, македонскиот претседател беше на утринската Велигденска литургија во Соборниот храм, „Св. Климент Охридски“ во Скопје

-На сите што денес го слават Велигден би сакал да им го честитам овој голем христијански празник со традиционалниот поздрав Христос Воскресна, навистина Воскресна. Празникот Велигден не е само воскресение, тоа е празник и момент на лично воздигнување. Како што кажал патронот на нашата црква свети Климент Охридски: Воздигнувањето е престигнување во добрина.

Да бидеме добри граѓани, добри родители,добри деца, да шириме добрина околу нас, затоа што овие моменти најмногу ни треба она што го посакува и Велигден – меѓусебе да си простуваме и да се обединуваме.

Ни останува да ја сакаме Македонија, затоа што во духот на нашата традиција треба да го сакаме тоа што го имаме, а не тоа што го немаме. Затоа посакувам таа љубов кон Македонија да им ја пренесеме и на сите наши потомци и на вакви моменти да се потсетуваме што се сме дале да ја имаме оваа држава и да си ја чуваме“, изјави претседателот Иванов, по завршувањето на литургијата.

ГАЛЕРИЈА:

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *