Почетна Вести На Велигден изгоре црква на МПЦ во Австралија
sidnej crkva 6

На Велигден изгоре црква на МПЦ во Австралија

594
0

Изгоре македонската православна црква „Воскресение Христово“ која се наоѓа Рокдаил во Сиднеј, Австралија. Пожарот избувнал денеска на Велигден. Оваа црква е во надлежност на епархијата во Австралија со која раководи, Митрополитот Петар и се наоѓа во непосредна близина на најголемата црква  „Света Петка“.

sidnej crkva 6Објектот не е во сопственост на МПЦ, туку е изнајмен од една црковна организација во Австралија.

Оваа црква практично работеше како паралелна црква на „Света Петка“, додека Митрополитот Петар немаше ингеренции врз нејзе. Во нејзе служеше, свештеникот Митко Митрев кој сега служи во „Света Петка“.

Инаку ова е трета црква на МПЦ која изгоре во пожар во Австралија. Пред неколку години во пожар изгоре црквата „Свети Никола“ во Мелбурн, а претходно и „Св. Ѓорги’ исто така во Мелбурн.

Австралиските власти вршат истрага за причината за пожарот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *