Почетна Анализа Иринеј Буловиќ: Бугарската црква смисли соломонско решение – името на МПЦ-ОА е отворено прашање
Иринеј Буловиќ: Бугарската црква смисли соломонско решение – името на МПЦ-ОА е отворено прашање

Иринеј Буловиќ: Бугарската црква смисли соломонско решение – името на МПЦ-ОА е отворено прашање

4.70K
0

Српската православна црква ќе го прифати секое име за МПЦ-ОА, кое ќе биде резултат на сеправославен консензус, бидејќи со Томосот на СПЦ за автокефалноста тоа прашање е оставено отворено и не е решено. Вака бачкиот епископ Иринеј Буловиќ, во интервју за српски „Печат“ ги објаснува позициите на СПЦ во поглед на прашањето за името на МПЦ-ОА, што во јавноста овде во Македонија се толкува како решено и затворено прашање.

Иринеј, кој всушност е еден од највлијателните владици во СПЦ и главен креатор на српската црковна дипломатија, многу отворено во ова интревју објаснува поради кои прични и како СПЦ се одлучила да ја признае автокефалноста на МПЦ-ОА, признаваќи дека МПЦ-ОА се уште дефакто не е автоекфална црква и дека состојбата во која се наоѓа е комплексна, карактеризитрајќи ја како „новоформирана црква“.

-Моменталната ситуација е ваква: практично сите помесни Цркви воспоставија литургиско и канонско општење со новоформираната Црква, некои веќе ја признаа и како автокефална, а некои тоа го одложија додека не се постигне согласност за нејзиното официјално име. А, бугарската Црква најде соломонско решение признавајќи и го автокефалниот статус и заедничко (општо) име „Црква во Северна Македонија“ (значи ниту „македонска“ ниту „охридска“). Нашата Црква го остава прашањето за името отворено и ќе го прифати секое име кое ќе биде плод на општ договор и согласност, а дотогаш го профаќа името со кое сестринската црква сама себе се именува, „Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија“. Се надевам драги пријатели дека со овој одговор барем до некаде го разјаснив канонскиот пристап СПЦ на ова колку комплексно и сложено, толку и важно прашање, вели во интервјуто Иринеј Буловиќ.

Овој став на СПЦ многу прецизно и многу јасно ја лицира ситуацијата во која се наоѓа МПЦ-ОА, но што е уште позагрижувачки ја црта иднината што ја очекува. Религија.мк, веќе анализираше што значи одлуката на БПЦ, за која Иринеј сега вели дека е „Соломонско решение“.

На секој што малку е упатен во состојбите не му се потребни 33 страници хвалспеви со латинизми, за СПЦ и РПЦ, за да ја замајува јавноста дека МПЦ-ОА е автокефална црква со име „Македонска“. Иринеј Буловиќ многу јасно и прецизно образложува кога и како МПЦ-ОА ќе стане автокефална црква. Ако МПЦ-ОА оди по патот трасиран од Томосот на СПЦ, денот кога ќе треба да стане автокефална нема да биде ниту „македонска“, ниту „охридска“, туку Православна црква во Северна Македонија. Од тој ден таа ќе биде исто и за СПЦ, а веројатно и за РПЦ.

За разлика од тој пат, патот до автокефалност преку Вселенската патријаршија не бара сеправославен општ консензус, туку почитување на древните канонски постулати за автокефалност, кои се легитимно право на Вселенската патријаршија, а кои од 9 мај 2022 година веќе јасно гарантираат континуитет на МПЦ-ОА со деравната Охридска Архиепископија.

Кога ќе се прочита интервјуто на Иринеј Буловиќ внимателно, лесно може да се забележи дека тој не го спори канонското право на Вселенската патријаршија да дава автокефалност, но мудро дипломатски прави разлика меѓу порано добиените автокефалности и оние кои сега треба да се случат.

-Всушност статусот на една помесна Црква е работа на сеправославен консензус и прифаќање, но притоа се поаѓа од Мајката Црква, во конкретниот случај од нашата Црква. Тоа е канонска норма и историска пракса. Нејзе ја препознаваме од историјата на сите нови автокефални цркви (Руската, Српската, Бугарската, Романската, Послаката, Чешко-словачката, Албанската), секоја од нив ја добила автокефалноста на иницијатива на својата Црква Мајка, а тоа е Големата Христова Црква во Цариград, на чија јуриздикција пред тоа тие припаѓале, но следувало и прифаќање од страна на останатите Православни цркви. Точно така и ние постапивме, вели Иринеј Буловиќ.

Српскиот црковен дипломат, во овој одговор прави смислена замена на тези. Го оправдува издавањето Томос од Вселенската патријаршија како канонски исправно, но го врзува со јуриздикциите на териториите кои нејзе и припаѓале. За автокефалноста на МПЦ-ОА наметнува нови правила, па влече паралела дека сега Мајка Црква е СПЦ, бидјќи нејзини се јуриздикциските територии на кои се оформува „нова“ црква. Формално тој е во право, но суштински не е.

Прво затоа МПЦ-ОА не е нова црква оформена на територија на јуриздикција на СПЦ, туку нејзината битка е канонското наследство на древната Охридска Архиепископија. А епархиите од древната Охридска Архиепископија на денешната територија на државата Македонија се јуриздикција на Вселенската Патријаршија, а од 1922 година отстапени на користење на Обединетата Православна црква на Кралството на СХС. И по логиката на самиот Иринеј, како што вели во истото интервју дека СПЦ не ги „предала“ или „продала“ епархиите на Југот со Томосот, тогаш и Вселенската Патријаршија трајно не ги изгубила во 1922 година. Овој принцип што сега го наметнува Иринеј може да го примени во случај ако некој реши на Косово, или во Шумадија, да создава нова црква и за нејзината автокефалност може да се прашува и одлучува самата СПЦ. За црква која е на територија од јуриздикција на епархии на Охридската Архиепископија, Томос може да издава само Вселенската патријаршија.

Има уште еден интересен момент од интервјуото на Бачкиот епископ, а кој се однесува на релациите меѓу МПЦ-ОА и СПЦ. Тоа е делот во кој тој дава оценка за моменталните односи.

-Односите се, благодарам на Бога, не добри, туку братски. Суштински, егзистенцијално, духовно, ние сме биле, сме и ќе бидеме една Црква. По воспоставувањето на еврахистичкото и канонско единство со Мајката Црква, во нашиот случај со Српската Црква (она напоменувам во времето пред Свети Сава беше во составот на Охридската Архиепископија), а со тоа и со вселенското православие, имаме следна – површински необична, но суштински единствено можна ситуација: формално две Цркви меѓусебно се оддалечиле (бидејќи автономната постана автокефална) а содржински, егзистенцијално се зближија и се обединија многу повеќе отколку претходно. Кога нашите браќа во Северна Македонија сфатија и прифатија дека Српската Патријаршија не води инает по прашањето за автокефалноста, која така долго и жестоко ја посакуваа, па поради неа влегоа на патот на расколот, но дека условот на сите услови на патот кон таа цел е тоа да мора да го постигнат исклучиво на канонски правилен начин, враќајќи се на легитимно дадениот, од Српската црква во 1959 година статус на најширока црковна автономија во рамките на нејзината рамка. Штом така постапија, Српската Црква без условувања и одолговлекување го благослови, не  само враќањето од расколот во единство, туку и одамна посакуваната автокефалија, вели во интервјуто Иринеј Буловиќ.

Иако на прва овој одговор многумина ќе го прочитаат како христијански исправен, полн со со братска љубов, сепак за доброупатените ова е опасна двосмислена теза, особено што во контекст на целото интервју, во кое тој ја релативизира важноста на една автокефалија, сведувајќи ја дури и на иста важност со автономија. Иринеј вели: „Односите се, благодарам на Бога, не добри, туку братски. Суштински, егзистенцијално, духовно, ние сме биле, сме и ќе бидеме една Црква… формално две Цркви меѓусебно се оддалечиле (бидејќи автономната постана автокефална) а содржински, егзистенцијално се зближија и се обединија многу повеќе отколку претходно.“ Иако Иринеј „суштинското, егзистенцијалното и духовното единство“ за кое зборува, го правда со единството по воспоставувањето на литургиското општење, сепак двосмисленоста е многу поизразена. Тој реално збува за една српска црква која сега се дели на две. Реалноста е е сепак дека две цркви кои сослужуваат меѓусебе, и со останатите признати православни цркви се дел од едната Православна Соборна Црква. И МПЦ-ОА и СПЦ се дел од едната црква, а не една црква МПЦ-ОА и СПЦ.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *