Почетна Празници Денеска се слават Светите маченици Ермил и Стратоник
Денеска се слават Светите маченици Ермил и Стратоник

Денеска се слават Светите маченици Ермил и Стратоник

74
0

Верски календар: 26 Јануари

МПЦ-ОА/ Светите маченици Ермил и Стратоник

2243Царот Ликиниј покрена луто гонење на христијаните. Св. Ермил, христијанин и ѓакон при една црква, го фатија и го изведоа на суд. Кога му кажаа дека го водат на мачење, тој многу се израдува. Залудно му се закануваше царот, Ермил слободно ја исповеда својата вера во Христа и на заканите му одговори: „Господ ми е помошник, од кого да се бојам, што може да ми направи човек?“ (Пс. 117, 6). После тешки мачења Ермил го фрлија во затвор. А чувар му беше Стратоник, потаен христијанин, којшто со сето срце сострадуваше со Ермил. Кога и Стратоник му го доставија на царот како христијанин, царот пресуди обајцата да се потопат во Дунав. После три дена нивните тела водата ги исфрли на брегот и христијаните ги најдоа и ги погребаа на осумнаесет стадиони далечина од Белград. Овие славни маченици пострадаа за Христа и се прославија во 315 година.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *