Почетна Вера ГРУЕВСКИ: Ќе продолжиме да придонесуваме за пријателството
ГРУЕВСКИ: Ќе продолжиме да придонесуваме за пријателството

ГРУЕВСКИ: Ќе продолжиме да придонесуваме за пријателството

164
0

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, упати честитка до припадниците од еврејската заедница по повод празникот Рош-Хашана.

Nikola-Gruevski-VMRO-DPMNE mala– Рош Хашана е исклучително значаен празник во хебрејската традиција кој промовира силни морални и етички вредности. Празнувањето преку кое се потсетуваме на сите дела од изминатата година носи голема морална одговорност и не учи како да бидеме добри едни кон други и како да изградиме подобар заеднички соживот, наведува Груевски во честитката до претседателката на Еврејската заедница во Република Македонија, Берта Романо-Николиќ.

Еврејската заедница, стои во честитката, има значаен и силен белег врз културниот, економскиот и општествениот живот во нашата земја.

– Убеден сум дека и во иднина ќе продолжиме да работиме заеднички за унапредување на сите општетствени сфери кои се значајни за сите граѓани на нашата земја. Верувам дека еврејската заедница, презентирајќи ги своите вредности, и понатаму ќе продолжи да придонесува кон унапредување на македонското општество, и ќе има значајна улога во понатамошно продлабочување на пријателството и соработката меѓу Македонија и Израел, се вели во честитката.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *