Почетна Вести Претседателот Иванов се сретна со епископ Тихон, викар на патријархот московски Кирил
Претседателот Иванов се сретна со епископ Тихон, викар на патријархот московски Кирил

Претседателот Иванов се сретна со епископ Тихон, викар на патријархот московски Кирил

374
0

Претседателот Ѓорге Иванов, денеска во Вила Билјана во Охрид го прими епископ Тихон, викар на патријархот московски и на цела Русија, кој престојува во посета на Република Македонија.

На средбата, како што соопшти кабинетот на претседателот, биле разменети мислења за односите меѓу Македонската православна црква-Охридска архиепископија и Руската православна црква, како и за севкупните состојби во православието.

tihon-i-ivanov-2Претседателот Иванов ја истакнал потребата од натамошно интензивирање и збогатување на односите меѓу Македонската православа црква-Охридска архиепископија и Руската православна црква, како и воопшто на релациите меѓу македонскиот и рускиот народ, кои ги поврзува богата заедничка историја.

Во тој контекст, македонскиот претседател ја потенцирал мисионерската и учителска улога на многубројните просветители кои доаѓаат од овие простори во културниот развој на сите словенски народи.

На средбата епископ Тихон пренел поздрави од патријархот на Руската Православна Црква, Кирил I до претседателот Иванов и истакнал дека Охрид и Македонија имаат значајна улога во ширењето на православието.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *