
Митрополитот Тимотеј го изненадил владиката Пимен организирајќи му роденденска прослава
Дебарско-кичевскиот митрополит г. Тимотеј бил домаќин и организатор на роденденот на Митрополитот Пимен денеска во Охрид. Покрај роденденскиот ручек и тортата, Митрополитот Тимотеј организирал и посета со кајче на манастирот Света Богородица Захумска во Заум.
На роденденот биле владиците Тетовско-гостиварски Јосиф и Кумановско-осоговски Јосиф.
Владиката Пимен, очигледно задоволен од оваа роденденска прослава, не штедеше пофални зборови за Митрополитот Тимотеј.
-Кога на сопствениот роденден си гостин затоа што постариот брат во Христа ти бил љубезен домаќин во Заум кој се погрижил за превоз и торта, а помладите браќа согости, ти останува само да воскликнеш како пророкот Давид: “Колку е убаво кога браќата живеат заедно”.
И чувај ни ја Боже слогата и љубовта. И чувај ми ги оние 1К кои се сетија на мене и ми честитаа, напиша г. Пимен на Фејсбук, споделувајќи слика од настанот.
„Религија.мк“ ексклузивно ви објавува уште неколку фотографии од роденденската прослава на Пимен во Охрид.
Ova e toj vistinskiot arhierejski namenski pozdrav, a ne tolku toj od pred dva dena 😉
Убаво кажал митрополитот Колку е убаво кога браќата живеат сложно, ама во МПЦ не сум сугурен дека живеат сложно, кога едни со руги си ги вадат очите, а за љубов и да не зборуваме, таа ја има само во Светото Писмо.
Живеат, живеат, никој да не се секира…
Е Марто, Марто изгледа ти живееш во некој друг свет, зар не читаш по порталите што пишуваат еден за друг, или по телевизиите како се навредуваат, ова е вистината, а ти како сакаш
Е, Николај, ако си праведен, ќе признаеш дека вистината е следна: само еден излегува на телевизии и ги навредува сите, а некои и посебно, но не си видел никој од нив да му одговориле навредливо. А ситна боранија што се препукува по фб, не е битна – сега ја има, после ја нема.
Ubava vest. Primer i za vernicite. Fala mu na Boga.