Почетна На иста страна Филипче на среба со Архиепископот Стефан и Реисот Фетаи
Филипче на среба со Архиепископот Стефан и Реисот Фетаи

Филипче на среба со Архиепископот Стефан и Реисот Фетаи

254
2

Министерот за здравство, Венко Филипче имал средба со Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, и со поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул Улема хаџи Шаќир ефенди Фетаи.

Главната тема на разговорот била актуелната состојба со коронавирусот. Како што самиот Филипче напиша на Фејзбук им укажал на верските лидери на ризиците кои ги носи групирањето на верниците во затворени простории за време на претстојните верски празници.

-Се согласивме дека сите чинители треба активно да придонесат во битката со пандемијата и договоривме интензивна комуникација во следниот период, вели Министерот за здравство.

Коментар(2)

  1. Kako pravoslavni vernici zajtevame dostojno da si go proslavime Hristovoto Voskresenie!!! Sakate pak da ja povtorete prikaznata od minatata godina. Sramota! Do skoro se bese otvoreno i nemase problem, a sega sakate da kazete deka mozeme da se zarazime vo Crkvata, epa nad site nas e Gospod, blagodatta negova se dava na site sluzbi a osobeno na Voskresna liturgija!!! Koj saka neka si sede doma, nie imame ustavno pravo da si ja skazuvame nasata vera.!!!

  2. РЕАКЦИЈА И АПЕЛ

    Во врска со изјавата на Министерот Филипче: Верските лидери да апелираат до верниците да седат дома за празниците, објавена на ден 09.04.2021г, како православен христијанин чувствувам одговорност да го изнесам следново :

    Во пресрет на најголемиот и најрадосниот празник – ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ – средиштето, смислaта и суштината на нашата вера, како православни христијани се чувствуваме загрозено, незаштитено и дискриминирано. Повредени се нашите уставнозагарантирани права а истовремено повредени се и нашите верски чувства. Правото на вероисповед е неприкосновено право загарантитано со Уставот на РМ ( чл.9 и чл.19), Законот за правна положба на црква, верска заедница и религиозна група ( чл.4) како и со Универзалната Декларација за човекови права и Европската Конвенција за човекови права. Нагласуваме дека согласно чл.54 од Уставот на РМ : и во вонредни околности тоа право не може да биде ускратено.Ограничувањето на слободите и правата неможе да се однесува на слободата и правото на вероисповед.
    Во контекст на сето горенаведено бараме на сите граѓани од православна вероисповед да ни биде овозможена непречена посета и учество на сите црковни богослужби и секако најпосакуваната – ВОСКРЕСЕНСКА СВЕТА ЛИТУРГИЈА.
    Во смирен православен дух бараме да не бидеме лишени од нашата насуштна потреба и најголема радост и достојно да го прославиме Христовото Воскресение.
    Овој апел го упатуваме до сите релевантни институции на државата и секако закрила и застапништво бараме во нашата МПЦ – ОА.
    Да не заборавиме светата православна вера и Црква низ вековите биле стожер и бедем на македонскиот народ кој со Божја помош ги надминувал сите искушенија, така нека биде и овојпат.
    Зашто Господ е Сила , Здравје и Живот!
    За многу години!

    ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!

    Со почит
    Верни чеда на МПЦ -ОА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *