Почетна Вести Регион Богослов од Македонија стана ѓакон во БПЦ
Богослов од Македонија стана ѓакон во БПЦ

Богослов од Македонија стана ѓакон во БПЦ

800
0

Богослов од Македонија, стана ѓакон на Бугарската православна црква, овјави Софиската патријаршија. Станува збор за ѓаконот Алексеј, или Ален Мулачки кој е роден 1994 година во Делчево. Богословија завршил на ,,св. Климент Охридски” во Скопје, а од 2014 година е во Софија каде се запишува на додипломски студии на Богословскиот факултет на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски “.

Своето високо образование го завршува во 2020 година, а потоа се запишува на магистерски студии на „Литургија и музика“.

Раколопалагањето го извршил Белоградишкиот епископ Поликарп, викар на Софискиот  митрополиот и патријарх бугарски Неофит.

-На почетокот од службата Ален Мулачки беше произведен во чтеец и певец, а потоа и ракоположен за ѓакон на Бугарската православна црква, каде му беше дадено духовното име Алексиј. Тој е роден во 1994 година во град Делчево (Царево Село), Р.С.Македонија. Среќно е оженет и со сопругата имаат едно дете, пишува во соопштението на Бугарската патријаршија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *