
Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаху, во изјава за ТВ21 ги повика муслиманските верници да не бидат скептични и да се вакцинираат иако им претстои месецот на рамазански пости, бидејќи како што посочува со имунизацијата не се нарушува постот.
„Вакцината не е витаминска и не е хранлива, не продира преку грлото и желудникот, затоа без трошка сомнеж вакцината треба да се прими според барањата на надлежните институции и без трошка сомнеж дека вакцинацијата не го нарушува постот во деновите на месец Рамазан. Доколку евентуално во моментот на вакцинирање се случи некое мало влошување кое може да биде нормално, тогаш во консултација со специјалисти по медицина можете да го прекршите постот и нема никаква казна за тоа, само потоа се пости ден за ден.“, вели Фетаху.
Откако започна имунизацијата против корона вирусот во нашата земја, се вакцинирале 21.333 граѓани. Во спортската сала Борис Трајковски се одвива масовно вакцинирање, а просториите или пунктовите за вакцинација ќе се зголемуваат со пристигнување на новите дози велат здравствените власти.