Фанар се занимава со теологија, не со политика

Date:

Share post:

Митрополитот Апостол од Њу Џерси објави директна и недвосмислена изјава со која ги осуди, како што ги нарече, „неприфатливите и тешко клеветнички изјави“ на руските државни агенции насочени против Вселенскиот патријарх Вартоломеј и Вселенската патријаршија.

Со „разочараност и неверување“, митрополитот изрази длабока жал поради нападите што, според него, не се насочени само кон личноста на Вселенскиот патријарх, туку претставуваат и обид за удар врз самата институција на Вселенската патријаршија, при што сериозно се нарушува единството на Православната црква.

Митрополитот Апостол посебно ја истакна улогата на Црквата на Константинопол како првопрестолна Црква, која според светите канони и преданието има првенство не на власт, туку на служба и жртва. Тој нагласи дека тоа првенство не претставува доминација, туку одговорност и принесување за доброто на целото црковно тело.

Во силно симболичен јазик, митрополитот потсети дека Вселенската патријаршија, без заштита од световни сили, го носи Крстот Христов веќе седумнаесет векови. Според него „Фанар богословствува, а не политизира; служи, а не владее; е распнуван, но не распнува“. Тој ја опиша Патријаршијата не како оган што уништува, туку како светилник на вечна светлина што не може да се изгаси.

Осврнувајќи се на личноста на Вселенскиот патријарх, митрополитот Апостолос истакна дека Вартоломеј е широко признаен како цврст служител на црковното единство. Тој ја пофали неговата посветеност на соборноста, почитта кон Помесните цркви и постојаните напори за зачувување на црковниот мир, дури и во услови на сериозни тензии.

Во завршницата на изјавата, митрополитот упати молитви по повод 35-годишнината од востоличувањето на патријархот Вартоломеј, посакувајќи му здравје, телесна сила и духовна издржливост. Тој ја заврши пораката со Христовата молитва за единство, нагласувајќи дека само обединета и верна на своето предание, Православната црква може да продолжи да биде место на надеж, исцеление и спасение за човекот во секое време.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img