Експлозија во црква во државата Њујорк

Date:

Share post:

Силна експлозија ја потресе црквата „Изобилен живот“ во Буунвил, во северниот дел на американската држава Њујорк, при што беа повредени пет лица, меѓу кои пасторот и четворица пожарникари.

Инцидентот се случил во вторник, претпладне. Според соопштението на Државната полиција на Њујорк, претходно бил пријавен мирис на гас во зградата, по што на терен биле испратени локални пожарникари. Црквата, која се наоѓа околу 80 километри североисточно од Сираќуз, се греела со пропан-бутански боци.

Во моментот кога печката се вклучила, четири лица се наоѓале во подрумските простории, при што дошло до експлозија што предизвикала густ црн чад и значителни оштетувања. Според првичните информации од истрагата, еден пожарникар кој се обидувал да ја проветри зградата бил оттурнат од ударниот бран.

Пасторот Брендон Питс и четворица членови на противпожарната служба во Буунвил, биле пренесени во локалните болници. Според полицијата, сите петмина се наоѓаат во критична, но стабилна состојба.

Извршниот директор на округот Онејда, во изјава упати зборови на поддршка до повредените, истакнувајќи ја храброста и професионалноста на службите за итна помош кои реагирале на повикот.

Од полицијата соопштија дека засега нема индикации за криминална намера поврзана со експлозијата. Црквата претрпела тешки и, според властите, катастрофални оштетувања.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img