Почетна Вести ЕКСКЛУЗИВНО: Кирил „распали“ по Вартоломеј
ЕКСКЛУЗИВНО: Кирил „распали“ по Вартоломеј

ЕКСКЛУЗИВНО: Кирил „распали“ по Вартоломеј

1.91K
2

Жесток почеток на состанокот на поглаварите на помесните автокефални православни цркви во Шамбези. Информациите до кои што доаѓаат медиумите, повикуваќи се на „црковни извори“, покажуваат дека Рускиот патријарх Кирил демонстрирал надмоќ на состанокот, отворено предупредувајќи дека Православната црква не е подготвена за одржување на „Големиот Свет Собор“.  Кирил настапувал  како да е врховен поглавар во Православниот свет, преземајќи ја улогата на Вселенски патријарх

Рускиот Патријарх во својот долг и на моменти критички говор изјавил дека за ниту едно од клучните прашања нема конесензус и дека тоа го става под занак прашалник одржувањето на долгонајавуваниот собор.

-Како што можеме да видиме, за многу од овие прашања ние се уште треба да работиме заедно за да се најде решение, со цел да се овозможи свикување на Соборот на Православната црква. Сигурен сум дека вистинската причина што голем дел од документите се уште се во спротивност, не е во присуството на спротивставени мислења од различни цркви, туку во неефективната методологијата за изработка на Соборот, изјавил Кирил на синоќешната прва седница во Шамбези.

Кирил, како што пишуваат медиумите во Москва оценил дека многу од предложените точки за Соборот не се тема за негова работа. Такво прашање е на пример барањето да се дефинира точниот датум на чествувањето на Велигден, нешто за што Рускиот патријарх рекол дека не е надлежност на Соборот.

Второ сериозно прашање кое што го отворил Кирил, според грчките медиуми било местото каде ќе треба да се одржи овој Собор. Предлогот тоа да биде Истанбул за Руската црква е неприфатливо, особено по ескалацијата на политичките односи меѓу Анкара и Москва. Кирил предложил Соборот да биде свикан на Планината Атос. Но, на ова Вселенскиот Патријарх, кој инаку е од Турција, категорично стоел на ставот дека местото на одржување мора да биде Истанбул.

Рускиот патријарх не премолчел и за неодамнешните блиски односи на Вселенската патријаршија со Украинската патријаршија, која не е признааена во Православниот свет. Кирил директно го обвинил Вартоломеј дека „Вселенската патријаршија кокетира со расколници за политички интереси“, потенцирајќи дека УП( Украинска Патријаршија) е безбожничка, расколничка и политичка организација која врши прогон на канонската Украинска православна црква- Московски Патријархат.

-Досега на Украинската православна црква насилно и се одземени повеќе од 30 храмови, најмалку уште 10 се под закана од напад на расколниците и националисти. Тоа всушност ова е вистински гангстерај, а Вие одите во Украина и им давате поддршка. Тоа е незамисливо, му се обратил Кирил на Вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Кирил како приоритетно го поставил прашањето за прекинот на комуникацијата меѓу Ерусамилската и Антиохоската Патријаршија, наместо одење на Собор од кој можат да произлезат негативни констеалции.

-Решавањето на тоа прашање е итна задача во овие денови, кога целиот свет ги следи со загриженост за случувањата на Блискиот Исток. Луѓето прво чекаат да видат еден пример на кохезија, подготвеност за надминување на разликите, рекол Рускиот патријарх.

Коментар(2)

  1. А ние? Кога ќе излеземе од расколот во кој се наоѓаме сега? Или само ќе читаме за други и ќе гледаме сеир? Страшни зборови кажа г. Кирил за расколот, тие на нас се однесуваат….

  2. Вселенскиот патријарх ја поддржува иницијативата на екуменизмот,кој е всушност права црквена утопија. Во тој екуманизам сака тој исто да доминира како и папата, односно сите источни цркви кои се одцепени од своите матици, тој да ги стави пос своја јурисдикција. Затоа тој ги поддржува црквите кои се одцепиле од Московската патријаршија. Единствено , камен за сопнување му претставува Македонската црква , која тој смета дека се одцепила од ёсрпската , но па сега таа противуречина неговите интереси , бидејки , како одвоена од СПЦ таа сака да ја носи придавката Македонска, и тоа го,,боцка,, , оти тој не сака ниту да чуе дека нешто постои како Македнско, воколку тоа нема грчки атрибути, сметајки се што е македонско е во врска со Грција, а никако посебно македонско. Тука се вметнува и феноменот , што од Македонија не се откажува ниту Грција, ниту Бугарија, а па зошто да се откаже Србија и таа не сака , а истовремено не сака ниту да се замери со Грција, а Бѕгарија нее во прашање. Затоа Кирил остро реагира против Вселенскиот патријарх. Кирил пак никако не сака ништо да дпренесува во интерес на Македонската автокефалност , од која наскоро , а можеби и за секогаш нема ништо. Сир цркви тоа прашанје го сметаат за прашање на Српската црква. Таа пак , да сака да го реши , како што сак врвот на МПЦ, немаше да го ствара Вранишковски и неговата ПОА , каде што СПЦ месечно вложува по 15 до 20.ооо евра, а посебно што издвојува за подигање на црковни објекти и купување на плацеви за градба на истите по Македонија, дури и заговара, а во тоа ги убедува и останатите цркви дека во Македонија постојат 150 манастири сопственост на Српската црква, кои ги узурпирала Комунистичката власт и и* ги поклонила на расколничката дружина која себе си се нарекува црква. Иста ситуација како што ја има и Московската патријарчија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *