Почетна Коментар Каде оди Православната црква?
Каде оди Православната црква?

Каде оди Православната црква?

291
0

Ќе успеат ли поглаварите на четиринаесетте автокефални цркви да ги издигнат единството на пиедесталот, или тронот на Православната црква или пак, налицонал-црковните интересе ќе доминираат?

Ова е дилемата на која сите чекаат одговор од последниот, клучен состанок на подготвителната комисија за одржување на долгонајавуваниот „Голем и свет собор“ на Православната црква, по повеќе од 1200 години.

Одржувањето на „Светиот собор“ има историска важност, не само за православните верници, кои во светот се околу 350 милиони, туки има особена важност за иднината на Православието. Односно, од него ќе зависи и позиционираноста и влијание на Православната црква, како целина, во глобалниот свет.

Ако, идејата за свикување на Соборот беше демонстрирање единство и присутнос на Православието како значајно религиско учење денес во светото, особено по „мрачните комунистички денови“, тогаш одговорноста на поглаварите на автокефалните цркви, мора да има многу поголем, општ, вселенски пристап кон ова прашање. Единството на Православната црква, во овој момент, особено по самопредизвикот да влезе во ова искушение за одржување на Соборот, е од исклучително значење за нејзиниот опстој.

Пред поглаварите на поменсните православни цркви има многу отворени прашања, за чие затварање е потребен глобален светоглед, наспроти кратковидиот етнонационализам.

Десет точки се на масата на првите луѓе на автокефалните цркви. За дел има согланост, но за одреден дел има дијаметрално спротивни позиции

Православната дијаспора е едно од прашњата околу кое се уште има различни ставови. Кој и како да го уредува црковниот живот на верниците надвор од границите на јуриздикциите на црквите. Овде особено е проблематичен моментот на припадноста на верниците кои не се етнички дел од некоја православна етничка заедница. Ривалитетот меѓу Црковна Москва од една страна и Фанар од друга, овде е високо поларизиран.

Речиси сигурно е дека нема да успее да се постигне договор околу прашањето за доделувањето на авткефалноста. Тука е жесток судирот исто така меѓу Вселенската патријаршија, која влечејќи историски корени, смета дека таа е „главен потписник“ на автокефалниот Томос, и од друга страна моќната Руска црква, која смета дека на тој Томос мора да го има потписот на сите автокефални цркви. Тоа прашање директно ја засега МПЦ, но сосема извесно е дака за него нема да има каков било договор.

Доделувањето на автономијата, или статусот на полунезависната црква е исто така прашање за кое се чека договор.

Диптихот на Православната црква, или ранглистата направена по чест, е сериозно прашање на кое не се гледа договор. Тука особено ќе притиска Руската црква, која условно е најмоќна, бидејќи има и најмногу верници. Но, таа според диптихот сега е впишана како петта православна црква. Местото под број седум го спори и Романската православна црква.

Црковниот календар исто така е тема, но сосема извесно е дека и за него нема да има договор. Најголем број православни цркви го прифатија „григоријанскиот“, но најбројните пак се уште се водат по „јулијанскиот“ календар.

Канонските пречки во поглед на брачните заедници на меѓу христијанските брачни парови е сериозен предивик. Особено поради влијанието и на антиекуменистите. Тука е и прашањето за екумунеските движења, особено поддржани од Вселенскиот патријарх и односот со Ватикан. Тоа е сензитивно прашање за кое има различни позиции во Православната црква. Велат дека ова прашање е можеби најзначајно, бидејќи немањето консензус за него може да ја раслои Православната црква како никогаш досега..

Етнофилитизмот е прашање кое сите го осудуваат, но и сите се гордеат со него. Тоа прашање е како аргумент на сите против сите.

slika marjanНо, спорд некои светски верски аналитичари, особено предизвикувачки за Православната црква е растот на „Православниот фундаментализам“. Тоа е процес за кој не се зборува, но процес кој предизвикува нови сојузи, кои пак се контратежа на она што се нарекува единство на Црквата.

Марјан Николовски – Новинар

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *