Хиландар испрати икона во Штип, но Лесново го запиша како српско духовно наследство

Date:

Share post:

Хиландарскиот (српски) манастри на Света Гора, чиј игумен ја донесе копијата на иконата на Пресвета Богородица Троеручица во Штип, го вброи Лесновскиот манастир во редот на српско духовно наследство.

Официјалната фејсбук страница на Хиландар објави вест за тоа дека Игуменот на Хиландар Методиј донел верен препис на иконата на Пресвета Богородица Троеручица во Штип и дека  сослужуваал на Светата архиерејска литургија во манастирот Лесново.

Во веста пишува дека „игуменот Методиј и јеромонахот Нектариј сослужуваа со митрополитот Иларион и архиереите на Светата архиерејска литургија во манастирот Лесново, значаен центар на српското средновековно наследство од времето на цар Душан во Северна Македонија.“

Дополнително Хиландарскиот манастир напиша и дека Иконата била донесена „во Брегалничката епархија на Охридската архиепископија“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img