Божиќна песна утрово го развесели домот на претседателското семејство Иванови. Наместо Коледе леде, во резиденцијата се слушаше коледарската песна која веќе е заборавена меѓу народот, а датира од 12-от век.
Носејќи ја Витлеемската пештера и пеејќи ја божиќната песна „Вечен е Бог“, дечињата го најавија Христовото раѓање.
Изворната коледарска песна со која се најавува Божиќ дечињата ја научиле во Бигорскиот манастир со цел нејзино повторно заживување.
Коледарите беа пречекани од семејството Иванови кои на децата им приредија повеќе изненадувања, им подарија Божиќни пакетчиња, а коледарите возвратија со искрени и топли насмевки.
















